За нас

Оптимизам зона е најважното место за Човекот, како емотивно и духовно битие. Фабриката за оптимизам, нуди одговори на прашања, кои се важни за нашиот личен раст.

Нашата цел е да инспирираме и да се обидеме, да станеме дел од патот, во кој се создава исполнет живот по човечка мерка, да се биде сакан и среќен како што се посакува.

Иако знаеме, сега во овој момент дека тоа ви изгледа многу амбициозно. И можеби сте скептични…

Нашата идеја е да научиме да ги рашириме срцата и да си ја наполниме душичката со убави работи. На ова место, се дружиме подлабоко и посериозно… Веруваме во идејата, дека среќата не треба да се бара надвор, таа е во нас и дека ние сме креатори на нашиот живот и можеме, да го направиме да биде подобар.

Само ни фали малку желба и мотивација.

Задоволството да се гледа на нашите лица..а не да бидеме постојано во грч.. Веруваме и дека може, со малку помош да се влијае на нашиот ментален склоп, во оваа земја во која живееме, каква е таква е, наша си е… со сонце. И менталитетот таков, каков што е.

Да го повториме заборавеното, како да изградиме однос, а да не градиме бетонски ѕид. Како да бидеме искрени во вакво лудо време. Како да ги победиме стравовите и како е ОК да бидеш уплашен и дека тоа може да се надмине. Како, да не бидеме на сила среќни, туку да го најдиме патот до нашата лична среќа…

Повелете во Оптимизам зона.

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: