Не престанав да те сакам, престанав да инсистирам

Понекогаш победникот не е љубовта, туку трпението. Токму така, тоа е желбата да продолжиме да фрламе дрво во огнот, кој не дава топлина, поглед кој не загрева, гушкање кое не доаѓа.

На крајот ќе се умориме од инсистирање, душата ни е ранета, надежта умира и останува само жар, на едно достоинство, кое сме го собрале на парчиња, свесни, дека тука нема место за нас.
Интересно е како некои луѓе, кога ќе бараат стручен совет во обид да го преболат тој процес на тага, врзан за прекин на врската, не се воздржуваат да го молат психологот: ‘Помогнете ми да престанам да го сакам бившиот, помогнете ми да го заборавам’.

Можеби многу терапевти, би сакале да имаат волшебна формула, сјајна техника, со помош на која ќе не’ ослободат од сите трагови на љубовта која боли, од меланхолични спомени кои деновите ги прават суморни и ги продолжуваат ноќите.

“Во почетокот сите мисли му припаѓаат на љубовта. На крајот на краиштата, љубовта му припаѓа на мислите.”
Алберт Ајнштајн

Без оглед на тоа, добриот психолог знае, дека болката е корисно страдање, тоа е спор, но прогресивен процес, кој му овозможува на личноста да создаде нови стратегии и ресурси за подобрување на управувањето со своите емоции.

Секој обид на заборавање, не е ништо друго, туку стерилен и бескорисен напор кој го запира животното учење. Преживувањето е единствен начин, повторно да ја превземеме иницијативата и да имаме желба повторно да сакаме.

Бидејќи никој не престанува да сака од ден на ден. Тоа што се случува е всушност престанување на инсистирање, на нешто што одамна не вреди, наспроти вредноста на животот.

На некои не може да им се помогне. Некои инсистираат и упорно се надеваат, дека ќе добијат малку внимание, дека ќе можат да поделат свое мислење, одлука, стравови, радости и сочувство, уверени дека тоа проживеано време во пар, сеуште има мирис на среќа, а не на сомнеж, дека чувствуваат искрено жалење, а не равнодушност, извинување и спуштени погледи…

Сите барем еднаш сме инсистирале во животот.
И конечно сфаќаме, дека е најдобро да престанеме да инсистираме на тоа, кога првите симптоми на болка ќе се појават, кога тешката реалност ги отвора очите пред доказите.
Меѓутоа, пред да ја разбереме стварноста на врската, обврзани сме да поминеме некои фази, сите важни и конечно, да го завршиме тој однос пред да се претвори во бескорисно страдање.

‘Љубовта е така кратка а заборавот долг’.
Пабло Неруда

Сознанието, дека се’ е готово и дека нема ништо што да се направи, не’ ослободува од заспани очекувања и нереални оправдувања.
Сепак, што да се прави со чувството кое е вградено во нас, како траен демон?

Потребно е таа форма на емоционалната болка, да биде во согласност со нашите потреби, таму каде што и умот и телото можат да плачат, да го асимилираат отсуството на саканата личност и да се прифати- со стиснати заби- новата ситуација без страв, без лутење или незадоволство.

Истовремено тоа е идеално време за ‘ инсистирање’ на себе.
Морате да извлечете од себе малку тврдоглавост, надеж, повторно да се нахраните со ентузијазам, иако знаеме дека ќе биди тешко во почетокот.

Извор: https://lamenteemeravigliosa.it/amarti-ho-smesso-di-insistere/

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: