Многу луѓе страдаат поради прекумерна тежина.
Не се работи за оние кои имаат медицински индикации.
Зборувам за здрави луѓе.
Постојат две причини поради кои човекот јаде повеќе од тоа што му е потребно: или компензира нешто со храна или гo јадaт грижите.
Еве заедно да разгледаме.
Од детство, родителите не’ охрабруваат на некои слатки достигнувања, на пример, ако научиме лекција- добиваме чоколада.
Човекот ќе порасне, почнува да живее а во тој живот малку што го радува.
Работата не му носи задоволство, односот е потполн стрес, шефот е тиранин а свекрвата лоша.
За да го компензира некако внатрешното незадоволство, тој почнува да јаде.
И не бира многу околу јадњето, не зеленчук и овошје, туку тешка, масна, слатка храна.
Брзата храна одеднаш прави две волшебни работи: го свртува вниманието и создава тежина во желудецот, благодарение на која крвта се одлива од главата.
Така да можете на момент да заборавите на проблемите.
Така човекот и живее по системот на морков и стап, во која улогата на стапот ja игра самиот живот.
Всушност, човекот нема задоволство од секојдневниот живот и се обидува барем некако да го заслади секојдневниот живот- во буквална смисла на зборот.
Да се јаде и да се заборави.
Посебно би ги издвоил загрижените. Тоа се луѓе кои поминуваат долг стрес, имаат во главите инсталации дека е опасно да се живее.
Живеејќи со интензивно чувство на страв, човек се обидува некако да се одалечи, на пример преку храна.
Обрнете внимание на тоа дека луѓето со несовршена тежина тргаат накај фрижидерот во вечерните часови, а не во утринските.
Постојат причини за тоa. Преку денот се окупирани со обврски, на работа, работат на некои проекти, ги носат децата во училиште.
Ако дојдат дома, загриженоста ги покриваа. И треба со нешто таа да се одалечи: сендвич или парче торта.
Вообичаената шема функционира така: крвта се одлева од главата и влегува во желудецот, главата така се празни, се јавува чувството на тежина во стомакот, која ја надминува загриженоста во главата.
И така до бесконечност.
Што треба да се прави?
Диетите, како што знаете, не работат.
Во основа на секоја од нив се наоѓа остро намалување на јагленохидратите, од кои се состои нашето нервно влакно.
Кога загрижен човек одбива да ‘гради’ нервно клетки, тој може да ‘ одлета’.
Од таму и сите сломови. Кога човекот се крши во текот на диетата, тој веднаш трча по јагленохидрати: јади леб, благо, пити.
Уште една причина зошто диетите не работат.
Да речеме дека сте се ограничиле себе си, изгубивте на тежина а вашата глава уште не е излечена. И кога ќе се постигне посакуваниот резултат, што се случува?
Така е, ќе се вратите на старата, не здрава храна.
Значи единствен начин конечно да ги загубите килограмите и да ги одржувате е да се фокусирате на психата.
Запрашајте се: зошто животот не ви дава задоволство и цело време морате да се потикнувате себе си?
Дали работата, семејството или пак односите се ‘морков’.
И разјаснете дали чувствувате загриженост?
Дали се плашите за работите кои ви се случиле?
Во тој случај, има смисла да се фокусирате на себе а не на јадењето.
http://labkovskiy.ru/publikatsii/pochemu-vy-ne-hudeete/
‘Зошто не слабеете’? Михаил Лабковски

Leave a Reply