Имате ли ‘болка на душата’?

Кога ќе престане да боли душата, ќе престане и  болката во телото. Често душата им прави болка на луѓето, но тие не се свесни за тоа и  ја игнорираат. Мислат, ‘важно е да не ми е ништo’, односно со моето тело да биде се’ во ред. Но, не е баш така.

Секогаш болката во душата се рефлектира, како болест или некоја болка во телото. Не треба да се игнорира, ни најмала болка во телото,  туку напротив, да се регистрира и ако се повторува, значи дека внатре во вас не е нешто во ред.

Секој дел од телото, покажува и крие истовремено и една своја емоција и мисла. Следниот пат кога ќе речете:’ Ме боли главата, укочен ми е вратот, кичмата ме убива, коленото ми е потечено’ и уште многу чуда, треба да обрнете внимание на изговореното.

Ние мислиме дека ‘ќе помине’. Но, верувајте не е ни малку наивно. Но, зошто душата страдa?

Страда бидејќи правиме отпор и не прифаќаме некое случување или некој наш внатрешен судир, кој моментално не’ убива. По некои случувања, кои во нас предизвикуваат силни емоции, ние несвесно минуваме низ неколку фази: негирање, лутина, приговарање и прифаќање.

Душата страда, иако мислиме дека таа фаза завршила и дека можеме, да се носиме со нашите секојдневни обврски. А всушност, само сме го потиснале и најмал ветер може да направи олуја во нас.

Мирот никогаш не дошол однадвор, туку секогаш и секогаш одвнатре. Сигурно секој од вас ќе се сети на ситуација, во која не сте се сложувале со некој и се мачите, да ги разберете тие нелогичности или тие глупости. Вистината е  дека се работи за некој бес, кој човекот длабоко го потиснува во себе, и кога не може да го проектира на вас, затоа што вие сте смирени, доволна е една мала искра, да се појави некој трет, пред кој ќе се истресе таа неиздржлива и огромна количина на негативна енергија.

Имате чувство како човекот да голтнал петарда и чекате чадот да излезе преку ушите. Телото ја прати внатрешната состојба. Односно, кога вие сте расположени, им сметате или се разминувате со луѓето кои се тажни, разочарани, бесни, повредени.

Тоа што го чувствуваат мора да излезе, но не може на вас, бидејќи вие сте високо како балон и до вас не можат да фрлат оган. Не мора секогаш болката да биде очигледна поради смртта на драги луѓе, развод или прекин на некој пријателски однос, отказ, понекогаш може да биде многу суптилна.

Не е секогаш поентата да се смириме, понекогаш е потребно и да се разбудиме и да кажеме НЕ!  на стариот живот, она што е познато. Тогаш душата не’ храбри, не поттурнува, но ние се плашиме да летаме до своите висини. Се плашиме од пуштање и прифаќање, но ако сме на прав пат, ако ја слушаме Душата што зборува и одиме напред, се ќе биде во ред…

Препреките на нашиот пат, ќе бидат прилики за нов лет и врата на нови можности, кои сега не можеме ни да ги замислиме. Кога во луѓето ќе созрее идејата за промена и раст, доаѓа и до одредени искуства и настани, на кои им се става и негативен предзнак.

Се’ досега што постоело се руши…исчезнува се’.

Се топи мразот околу душата и многу луѓе имаат потреба да плачат и да чувствуваат тага, за која не се сигурни од каде доаѓа. На тој пат кон нас самите, е потребна како и секогаш храброст, потполна доверба во животот ( дури и кога не разбираме зошто нешто се случило) дека ќе не’ пази и чува во сите ситуации. Дури и непредвидени ситуации, стануваат места и моменти на кои летаме.

Луѓето тешко прифаќаат дека не можат да ги променат и да ги спречат доживувањата и мислат дека тие ги предизвикале, бидејќи нивната душа бара развој и подготвена е да оди повисоко, но за да може таа да ве донесе на тоа ниво, потребно е да се препуштите.

Додека душата ве води кон горе, вие влечете надолу и така запнувате, сами се повредувате а потоа го обвинувате животот, Бог, Свемирот, но виновникот ќе го видите ако го погледнете вашиот одраз во вода или огледало.

Таму и исклучиво таму, е кривецот. Се случува во луѓето голема промена, но таа новина некои луѓе ја чувствуваат силно, па имаат потреба од психолог, како нешто силно да пулсира во главата, се појавуваат јаки емоции, кои повеќе не се во состојба да ги контролираат. Таа состојба некој може да го доведе до лудило.

Што побрзо се пуштите, побрзо ќе помине. Потребно е време да се стабилизира вибрацијата, за да немате силни потреси во вашата Душа а со тоа ни големи осцилации во еден ден, па подоцна и во една недела, месец, шест месеци и една година.

Не се плашете, никогаш не сте сами, дури и кога ви се чини дека сте. Верувајте не сте! Вашата душа работи за ваше добро. Поверувајте и прифатете ги настаните како доаѓаат, луѓето како си одат.

Нема потреба постојано за нешто да се борите. Зар не е големо олеснување, кога знаете дека сте одговорни за својот живот, но дека некој друг се’ добро ќе намести и дека ве вози високо до највисоките планини, каде што е ладно а топло, каде се слуша ветер, но сеедно уживате во тишината?..И се’ така изгледа едноставно, а навистина е едноставно.

извор: Pozitivan klub

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: