Дали сме добри родители?

На нашите родители ставаме многу терет. Создаден од очекувања. Што треба а што не треба, што не може а што мора. Токму како и тие на нас.

Сите ние сме во некоја рака жртви на нашите родители. За жал, некои и буквално. Родителите ни дадоа живот ама во некоја рака и животот ни го одзедоа- живот каков ние сме сакале за нас- со своите крути очекувања, правила, стравови, најубави желби и грижи. Некој и порано а некои дури кога ќе станат родители, стануваат свесни колку не е лесно да се има дете.

Да се расте заедно со детето. Да се развива.FB_IMG_1532359689026

Некои луѓе не се подготвени. Тешко е да се биде родител. Не само што на детето му треба храна, патики, учебници, основни животни потреби. Туку затоа што му требаат што помалку родителски стравови, предрасуди, ограничувања, осуди, несигурности, грижа, минати искуства и сопствени трауми. така само го гушиме човекот кој сме го донеле на свет. А тој само што почнал да се гради.

Кога- тогаш ќе утнеме. Еден дел ќе скршиме. Со зборови. Преголеми амбиции. Очекувања. Наши планови. Желбата да ги заштитиме. Што многу сакаме.

Со потребата да бидеме контролори и се’ да биде онака како сме замислиле дека треба. Не сме се свртиле а ете детето е веќе голем човек. И не’ обвинува за своите анксиозни напади. Несоници. Животот кој го живее- а не го сака. Како ни себе си.

Колку и да се обидуваме, совршени не можеме да бидеме.FB_IMG_1533235506906

Совршен родител не постои. Секој родител на своето дете му дал доволно материјал, колку се трудел и бил внимателен, за да може тоа дете сите свои неуспеси и стравови да го окривува до крајот на животот. Значи, нема семејство кое е совршено. Идеално. Освен на социјалните мрежи. Рекламите. Нема совршено семејство, иако другите сакаат тоа така да ни го прикажат само за да се чувствуваме по прашањето за своето.

Постојат само такви семејства кои се повеќе, малку или воопшто не се функционални. Во секое семејство постои нешто што не е како што треба. Било да е таткото алкохоличар, мајка која е на лекови, родители кои постојано се караат, татко кој има отпор кон своето сопствено дете бидејќи не е машко, брат кој се дрогира, сестрите не зборуваат, татко кој за своето дете нема време бидејќи работата е на прво место, неверство, развод, прељуба, расправии…секое семејство има една од (не) спомнати варијации. FB_IMG_1533236450590

Како сега ти се чини? Кога ќе слушнеш како твоето семејство не е најлошо? И тој идеал кој го гледаш на рекламите и во туѓите приказни- не постои?

Можеш ли да го фрлиш теретот од рамената? И да прифатиш дека твоето семејство ти го дало она најдоброто за развој на најдобрата твоја верзија?

Да, сите сме жртва на своите родители. Некој е тоа цел живот, а некој тоа го разбира дека не мора.

Да се работи на себе не е лесно. Никој нема да ти даде плата. Да те пофали пред другите. Таа работа не ја работиш заради другите.Туку за себе.

За да бидеш добра кон себе а со тоа и кон другите и тоа цело да ти олесни. FB_IMG_1533236242861

И да, бара да ја превземеме стопроцентната одговорност за нашиот живот и она што се случува во нас. Па сега кажи дали е полесно да ги осудиш родителите и да кажеш дека си несреќна бидејќи со 19 год… не го запиша факултетот што го сакаше, ги спакува работите, се разведе? Иако твоите родители се веќе остарени.

Велат дека сами ги бираме родителите. Уште пред да се родиме и добиваме видлив облик, сами го бираме семејството бидејќи знаеме дека токму тоа семејство- внимателно читај ги следниве зборови- најмногу ќе не’ научат за љубовта.

Не, да ни дадат најмногу љубов, не, најмногу да не’ сакаат, туку најмногу да не’ научат за безусловната љубов. Кон себе.

А љубовта за жал не се учи секогаш низ љубов. Некогаш и низ болка. Што ако поентата на нашето семејство и нашите родители не е да ни дадат безусловна љубов? FB_IMG_1533236522816

Што ако поентата до нас, низ разноразни недоразбирања, неслагања и неприфаќања, не’ научат како безусловно да сe сакаме себе си?

Кога почнав така да гледам на семејството и родителите, стана полесно.

Ја превзедов одговорноста за својот живот, онаа внатре и онаa надвор. Секое недоразбирање успеав да го видам како прилика подобро да се разберам себе си. И ваквото гледање на работите, чудно, ама ми помогна да се разберам себе си. Запрашај се: Што ако целта на семејството и нашите родители не е да ни дадат безусловна љубов? Што ако е поентата нас, низ разноразни недоразбирања, несогласувања и неприфаќања, не’ научат безусловно да се сакаме себе си?

Што ако самите си ги бираме родителите? Бидејќи си знаел дека токму тие нема да ти дадат најмногу љубов, туку ќе те научат, не секогаш на убав начин, како себе си безусловно да се сакаш?

Како поинаку би ги гледала своите родители? Вашиот однос? Нивните зборови? Неразбирање? Повреди? Што ако сите рани кои нашите родители, повеќето ненаметано, создале скриени лекции? Кои не учат зад себе да застанеме и гласно да кажеме НЕ и да побараме помош.

 

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: