Кога ќе почнете вистински да се сакате себе си и кога ќе ја видите својата сопствена вредност, забележувате дека вашите мисли и расположенија се менуваат.
Наместо да се критизирате, почнувате да користите позитивни афирмации и сами да се мотивирате.
Гледате добро во другите затоа што го препознавате во себе.
Ги охрабрувате другите бидејќи знаете и самите дека не можете да бидете инспирирани и охрабрени ако тоа не им го дадете на другите.
Често нашите мисли не’ разочаруваат и негативните модели не спречуваат да се сакаме себе си.
Нашиот ум природно има уклучен механизам за преживување, а со тоа мораме додатно да се потрудиме да видиме позитивно во се’.
Обидете се да ја научите лекцијатa или да ja видите точката водилка во секоја лоша ситуација низ која поминувате.
Одберете да видите добро во се’ и веднаш ќе ја видите промената во вас. Негативните мисли не’ спречуваат во остварувањето на целите, ни даваат лоша перспектива на животот и не’ уништуваат и внатре и надвор.
Нашите умови се многу моќни кога ќе ја промените својата мисла и целокупната перспектива ќе се смени.
Leave a Reply