Зборовите се бесплатни. Начинот на кој ги користите, може да ве чини цело богатство

Имало некој  роб кој во секоја околност зборувал: – ‘Мој кралу, не бидете обесхрабрени, бидејќи се’ што Бог прави, е совршено. Тој не прави грешки!

Еден ден, заедно отишле во лов, но, по патот едно диво животно го нападнал кралот. Неговиот роб успеал да го сочува својот крал, но кралот за несреќа, загубил еден прст.

Лут и без малку искажување на благодарност што е спасен, кралот рекол:

– ‘Дали Бог е добар? Ако е добар, јас не би бил нападнат и не би изгубил прст’.

Робот му одговорил: – ‘Мој кралу, и покрај се’, јас само можам да ви кажам дека Бог е добар и тој знае зошто тоа се случило. Тој никогаш не греши’.

Бесен поради одговорот, кралот наредил да се зароби неговиот роб.

Подоцна, кралот отишол во лов, но сам. Го заробиле некои дивјаци, кои жртвувале луѓе. На олтарот, подготвени да го погубат кралот, дивјаците откриле дека нивната жртва нема еден прст.

Во согласност со нивните обичаи, само цел човек со сите свои делови, може да биде понуден на боговитe.

Кралот без прст се сметал за лоша жртва на нивните богови. И така го ослободиле кралот.

Кога се вратил, кралот наредил да го ослободат робот.

Го примил радосно и му рекол: – ‘Бог навистина бил добар кон мене! Скоро ме убија дивите луѓе, но за среќа, поради еден прст кој го немав, бев ослободен’.

Но, имам едно прашање: ‘Ако е бог така добар, зошто дозволи тебе да те ставам затвор?’

Робот одговори: – ‘Мој кралу, да дојдев со тебе во лов, мене ќе ме жртвуваа, зошто не сум без еден прст’.

Запомни, се’ што прави Бог совршено е.

Тој секогаш знае што прави. Јас бев во затвор, за да не одам со тебе во лов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: