Човечката душа е како стакло. И Бог е светлината што минува низ неа

Истовремено живееме во две димензии.

Едната е нефизичка, нематеријална, духовна и се наоѓа во нас а другата е физичка, надворешна. Првата ја чувствуваме, другата ја гледаме. Тие кои се фокусирани само на она што гледаат, на надворешниот свет, тргаат низ животот со врзани очи. И така во темница чекаат, Бог да направи добро за нив. Тие кои одлучиле да се видат одвнатре, се сретнале со Бог.

Сфатиле дека цело време, им бил пред очите. И нема потреба да им се покаже во физички облик. Бог во сѐ постои. Оние кои копаат во себе, сфатиле дека се едно со Бог и со сѐ, што постои. Бог не го бараат само кога ќе им затреба, затоа секогаш и го имаат. И секогаш им помага. И во арно и во лошо.

Бог сѐ простува и на никој не му суди. Оној кој безусловно сака и дава слобода. Тие што упорно ја вртат главата од средбата со себе, ја пропуштаат приликата да се сретнат со Бог.

Од таа повторна средба, ништо не е поважно во животот. Таа средба менува сѐ. Мислите, зборовите, делата, физичките манифестации. Го менува животот.

Прифаќањето значи потполно и комплетно разбирање на природата на стварноста, преку себе, како некој што има бесконечна вредност.

Помирувањето ‘со судбината’ доаѓа како последица од неразбирањето и површноста во која сте фатени, бидејќи умот не гледа друг начин освен со ‘терор’ врз себе, да ја покрие стварноста, без вистински да се прифатат околностите.

Затоа е животот ‘трпи и мрчи’, што пак носи, очај и огорченост. Кога ќе престанете да го силите животот, ќе ви стане јасно, дека всушност вие бевте оние кои со својот отпор, цело време го правевте животот тежок без можност да се изрази.

Ако го нема вашето противење, ќе разберете дека животот, со голема радост и љубов ви излегува во пресрет и едвај чека, да престанете да давате отпор, за да може да се изрази во својата целост и убавина низ вас. Единствено вие сте тие, кои ги поставувате препреките во тој проток.

Така сфаќате дека сета енергија, која до сега сте ја трошеле на отпор кон животот, можете да ја искористите за ускладување со неговиот природен тек и волја. Наместо да бидете отпорник на животот, вие станувате проводник, на тој ист живот!

Животот со тоа престанува да биде борба и станува соработка.

извор: atma

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: