Вегетеријанец – да или не?

Иако повеќето вегетеријанци се откажале од месото поради својата наклоност кон животните и одбивноста од помислата да јадат суштество кое било убиено за тие да бидат сити, има и такви кои станале вегетаријанци бидејќи сметаат дека тоа ќе ги направи поздрави, повитални и попродуктивни. Сепак, се зависи од самиот организам на човекот.FB_IMG_1532169327244

Добро испланираната вегетаријанска диета може да ги исполни сите потреби на луѓе од сите возрасти, па дури и на деца, како и бремени жени и доилки. Клучот е да бидете свесни дека со откажувањето од месото на вашиот организам ќе му недостасуваат некои состојки, кои ќе мора да ги внесувате преку супститути.

Типови на вегетаријански диети

Кога луѓето помислуваат на вегетеријанска диета, тие типично мислат на исхрана во која не е вклучено месо и риба. Но вегетеријанските диети варираат во однос на храната која е вклучена и исклучена:

-Лакто-вегетаријанската диета исклучува месо, риба, живина и јајца, како и секој вид на храна што ги содржи. Млечните производи како млеко, сирење, јогурт и путер, се вклучени.

-Лакто-ово вегетеријанската диета забранува месо, живина и риба, но дозволува млечни производи и јајца.FB_IMG_1533235374412

-Ово-вегетеријанската диета исклучува месо, живина, морска храна и млечни производи, но дозволува јајца.

-Веганската диета дозволува само растителни продукти, односно забранува месо, живина, риби, јајца и млечни производи, како и се’ што ги содржи.

Некои луѓе држат полувегетеријанска диета, наречена флекситаријанска диета, што е всушност диета базирана на растенија, но понекогаш дозволува живина и риба во посебни околности.FB_IMG_1533235542105

Здрав начин на живот

Диетите базирани на растенија можат да бидат многу здрави. Всушност, многу луѓе иницијално ја одбираат оваа исхрана за да го подобрат здравјето.

Сепак, со одбегнувањето на животински производи, можеби нема да успеете да остварите оптимално здравје. Како и сите, вегетеријанците и веганите мора да си обезбедат протеини, Б-12 и Д витамини, омега-3 масти, калциум, јод и калиум, кои се многу важни за здравјето и виталноста.

Без оглед на тоа дали сте вегетеријанци, размислувате да станете или едноставно уживате во месото, мора да сфатите дека начинот на кој ја гледаме храната мора да се промени. Иако се смета дека вегетаријанскиот начин на исхрана е здрав, некои луѓе не можат да поднесат да не внесуваат ни малку месо, и тоа се одразува на нивното здравје.

Позитивните страни на вегетаријанството се видливи кај повеќето луѓе, иако има и такви кои имаат проблеми со крвана слика кога се лишуваат од месо. Студиите покажаа дека вегетеријанците речиси во сите случаи се повеќе отпорни на коронарна болест на артериите, хипертензија, дебелеење и некои форми на рак.FB_IMG_1533235833952

Правилната вегетаријанска исхрана подразбира три, а уште подобро пет оброци дневно. Појадокот треба да заврши до 8 часот наутро, а потоа во интервали од 3-4 часа треба да се внесува по еден оброк. За добро варење на вегетаријанците им се советува да јадат најмалку 700-800 грама зеленчук дневно, а од овошје се препорачуваат јаболка, бидејќи содржат пектин кој го регулира холестеролот и овозможува правилно да се извршува функцијата на централниот нервен систем.

Сепак, постои една заблуда кога се зборува за вегетаријанската исхрана. Факт е дека ние денес немаме ни грам земја, вода или куб воздух кои се сосема чисти. Со самото тоа, природна исхрана во оној облик во кој настанала денес нема. Најздравата исхрана е онаа која е редовна и која го снабдува организмот со сите хранливи материи: леб, масло, житарици, млеко и млечни производи, јајца, месо, овошје, зеленчук, шеќер и концентрати.
Вегетаријанската исхрана која се состои само од конзумирање овошје и зеленчук денес е слабо застапена дури и во Индија, земјата во која настанала. Ваквата храна на организмот не му обезбедува доволно неопходни белковини. Затоа денес постојат лактовегетаријанците, кои во исхраната користат млеко и млечни производи, додека ововегетаријанците јадат и јајца. Таквата исхрана не е штетна, бидејќи на организмот му ги обезбедува потребните количини на аминокиселини неопходни за нормално функционирање.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: