Ако сакаш да бидеш среќен, едноставно биди

Ако мислиш дека животот ти е лош, тогаш тој веројатно е таков. Ако мислиш дека се сите против тебе, тогаш и тоа е така. Ако мислиш дека заслужуваш повеќе, веројатно и така е.

Една работа на светот која те спречува да го постигнеш она што го сакаш-  си само Ти!

Ако мислиш дека светот се уротил против тебе, тоа е затоа што имаш лош став кон животот- на се’ гледаш на погрешен начин. Наместо да ја користиш позитивноста да те движи, користиш негативност.

Си дозволуваш таа негативност да ти го контролира животот. Дозволуваш лошите работи да бидат победници. Никогаш нема да постигнеш она што сакаш, ниту да го живееш животот кој го сакаш, ако работиш досадна работа која ти ја црпи енергијата, само затоа што си премногу мрзлива да станеш и да почнеш да бараш нешто што те исполнува- тоа не е нечија грешка, туку само твоја.

Никогаш нема да патуваш по светот, ниту ќе го видиш Париз или Њујорк, ако продолжиш да создаваш изговори, поради кои не можеш да одиш. Купи карта, сапакувај го куферот и оди. Дозволи му на светот, да те обликува и да ти ги отвори очите. Дозволи му пред тебе, да ги стави предизвиците и да не те исфрустрира, како другите работи во животот.

Никогаш нема да ослабиш, ако не ги промениш прехрамбените навики. Никогаш нема да го подобриш своето здравје, ако не јадеш повеќе свежо овошје и зеленчук и ако не вежбаш. Никогаш нема да станеш по интелигента и нема да ги прошириш своите видици, ако не си подготвена да читаш и учиш од други. Никогаш нема да бидеш среќна, ако се фокусираш само на негативните работи. Никогаш нема да имаш среќа во животот, ако си опкружена со луѓе и работи кои ти ја цицаат енергијата како вампири.

Ти си причина поради која си незадоволна, што запна во рутина и имаш лоши врски и што константно критикуваш се’ околу себе и бараш нешто повеќе.

Да.. Ти си за се’ виновна. Не постои начин, на кој можеме да ти го кажеме ова- ‘свиткано’ во украсна хартија. Сама, себе си, си најголем непријател; ти си единствена личност која стои на патот, до твоите цели и постигнувања. Животот, ниту тебе, ниту на било кој друг,  ништо не му должи и тоа немој да го очекуваш. Немој да стоиш на патот на сопствениот живот, немој да се откажуваш кога ќе стане тешко, тоа не води никаде.

Наместо тоа, биди вредна и биди паметна. Верувај во себе, кога никој друг не верува. Еден ден можеш да се свртиш и на сите да им кажеш: “Ви реков!”

Да бидеш јака, со самодоверба и надмоќна. Мораш да ги сакаш своите сништа. И, жити се, престани со онаа глупост: ‘Јас доволно се наморав’. Другите можат само да ти посакаат среќа, ама знај дека своите сништа, само ти можеш да ги оствариш. Само ти и никој друг.

Престани да работиш нешто што не те исполнува, престани да ги обвинуваш другите за своите проблеми и престани да мислиш, дека животот нешто ти должи, оти тоа не е така.

Ако сакаш животот да ти биде подобар, тогаш почни да го живееш. Почни да работиш нешто позитивно во вистински смер и не се запирај, се додека не стигнеш, а потоа само продолжи понатаму.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading