Понекогаш ми треба некој, да ми каже дека се’ ќе биде добро

Јас сум јака личност, една од оние на кои животот му беше тежок повеќе пати. Меѓутоа, потребен ми е некој, кој ќе ме земе за рака и ќе ми каже дека се’ ќе биде во ред и да ме увери, дека има многу работи кои треба да се направат и малку работи, за кои треба да се грижиме.

Оваа потреба не е синоним за слабост, туку претставува смелост на некој, кој ја почитува малата подршка и удобноста, кога е тоа потребно. “Она што нема да ме убие, тоа ќе ме направи посилен” рекол Ниче со право.

И тоа е вистина, од проста причина: за да се стекне вистинска количина на сила во срцето и да се подигне, на ниво на храброст, човекот пред се’ треба да падне, мора да ги почувствува раните на разочарувањето, губитокот, празнината и грешките.

Се’ на крајот добро ќе се заврши, ако не е така…тоа значи дека уште не е крај. Затоа јаките луѓе, ја познаваат тајната за пополнување на внатрешните пукнатинки, само тие ги разбираат предностите од време на време, на охрабрувачките зборови или раце, со чија помош ќе се кренат.

Во овој индивидуален свет, каде сите го вртат грбот, секоја подршка е позитивна.

Во време на несреќа, дури и најголемите јунаци ќе го почитуваат оној, кој ќе им каже дека се’ ќе биде во ред…бидејќи ако се живее од нешто, тоа е верата.

Уште во 1920 год Edvard Thorndike, емоционалната интелегенција ја дефинира како:’ способност на луѓето да се разберат, да се однесуваат добро’, всушност тoa сe луѓе со развиена вештина за добри односи со луѓето.

“Тој исто така тврдел дека аспект кој го карактеризира човечкото суштество е емотивната глад. Секој од нас, понекогаш, има потреба за повеќе подршка отколку што ја прима, повеќе внимание, повеќе признание и дури, зошто да не, повеќе афинитети и наклоност. Меѓутоа, повеќе книги за самопомош нудат- дека е важно да си дадеме себе си вредност.

Едноставно речено, мораме да спроведеме соодветни стратегии, за да ја зголемеме својата самодоверба, бидејќи тоа е она што ни овозможува успешно да се бориме со проблемите. Иако е точно дека ова позитивното е препорачливо, постои нијанса, која треба да се има во предвид.

Човекот кој вложува во личниот развој и во психолошката сила, не смее да оди во крајност со практикувањето на ” самоунапредување”, така агресивно и дека, не му треба ништо повеќе.

Бидејќи понекогаш, на оној на кој не му треба ништо, може да биде емоционално опустошен. Тајната е во рамнотежата  и сфаќањето дека, да се биде јака личност, не значи да се биде имун на страдањата и душевната болка. Силни се оние, кои еден ден ќе си дозволат да бидат слаби и во себе, уште ќе го држат чувството на несреќа.

Според тоа, нив исто им треба подршка, емоционално празнење за да можат да ги излечат своите рани. Понекогаш во животот, на сите ни треба некој да не’ прифати и да ни каже дека се’ ќе биде во ред.

Постојат такви моменти во кои не сме сигурни во себе а добрата самодоверба не гарантира успех, решавање на проблемот или добар резултат. Кога тоа ќе се случи, кога витезите на стравот слободно галопираат, не успеваме секогаш  да го примениме овој рационален пристап, низ кој се сфаќа дека поразот не е катастрофа, ниту разочарувањето е крај на светот.

Во тие моменти, пријателска рака, светол ум и добро срце, можат да направат чудо. Не можат сите патишта на опоравување да поминуваат низ самотија, бидејќи, иако сме научиле да се почитуваме самите, никој не е ослободен од тие моменти на збрка, на непогрешливост и слабост.

Ако некој ни каже дека се’ ќе биде добро, тоа помага. Со тоа учиме да прифаќаме помош, да бидеме скромни и да научиме да прифаќаме, она што другите го нудат.

извор: Bebamur

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: