Не почнувај

Не кажувај дека ме љубиш
Не зборувај како убава сум

Не бакнувај ме така страсно
Не клекнувај
Не потклекнувај
Не оди …
Не останувај
Не гуши ме…
Не гушкај ме
Не зборувај
…Не почнувај

Не врви по патот мој
Не вели како ќе ме усреќиш
Не ти верувам…
Не спомнувај минато
Не ме засега…
Не зборувај повеќе
Не спомнувај ме веќе.
…Не почнувај пак

Не,нема да се заколнам, но
Не ме засегаш…
Не ми требаш…
Не те сакам…
Не те копнеам…
Не те замислувам…
Не те љубам…

Не почнувај пак !!!

Се уморив
Се откажав
Сè изгубив…
Немој љубов моја, не ме ништи пак .

Рената Миленкович

FB_IMG_1533235363940

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: