Ѕвездо мрачна

 

Пукни врчерва со своето сивило, над мојот прозорец.Такви потиштени, пригушени двете заедно тајните да си ги исплачеме.
Немо ќе ти раскажувам- глуво слушај ме Ѕвездо.
Ќе чуеш за болка неврисната.
Ќе чуеш за љубов невозвратена.
Ќе чуеш за едни очи Ѕвездо,
не зборувај, молчи…
Да ти раскажувам вечности ми требаат, а јас едвај мигови крепам…
Проклети очи Ѕвездо, ме намамија да верувам.
Дека ќе трае
дека ме љубат…
За да ми дојдат и животот да ми го испијат.
Ќе чуеш за зборови празни и лажни,
вриснати од усти медни.
Ќе чуеш за лаги безброј од вистина повредни.
Не осудувај, не вели како виновна сум.
Што при очи слепа бев.
Јас со срцето барав и гледав,
сега на срцето сум слепа…
Веќе никогаш во ветувања да не поверувам.
Веќе никогаш по љубов да не копнеам.
Така саката со дупка во градиве, пуштена сум да талкам.
Погледни ме овде…
Погледни го лицево кревко.
Одразот му бледи, вени му набабреле од очај.
Попусто утеха барам …
Утеха нема…
Па ми доаѓа да скокнам во висините да те гушнам.
Да ти дојдам Ѕвездо па така сплотени од небото да си ги гледаме судбините.
Да им плачеме одозгора ,
како ситна роса наутро…
Па ветрот наш пријател
да го повикаме Ѕвездо
да им го завее патот .
Да се изгубат кутрите и кај нас да си дојдат.
Со болки да дојдат за спокој да ни донесат.
Да ги стиснеме во нас од заборав да ги сокриеме.,
оти тие виновни не се.

А ти чекај ме мила моја,
нема за долго…
Кога ќе ти дојдам само шепни му дека вредно не било.
Па блесни ти кога јас веќе неможам.
И патот мрачен му го осветли.
Да види кутриот, за да не падне .
Да види за да не дојде.
Оти кај нас Ѕвездо мрачно е…

Рената МиленковичFB_IMG_1533235751119

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: