Вистински е оној, кој те прави среќен, ништо друго

Вистински да сакаш, значи, да знаеш да препознаеш и претпоставиш дека луѓето, имаат толку мани колку и доблести, дeкa некои мани ни одат на нерви, дека не е се’ мед и  млеко и дека не живееме во бајката на принцот и принцезата во љубов.

Не, вистинската љубов е нешто што ги преминува љубовните случајности. Искрената љубов значи заљубеност, во различноста и со голем интензитет, да се толерира недостатокот и отворање на вратата на довербата. Не можеме да кажеме, дека сакаме друга личност додека не ги спознаеме нивните демони, лутината, бесот и контрастите. Кога сакаме, мораме да разбереме дека во односот не е секогаш убаво, туку дека постои и хаос.

Да сумираме, љубовта е заеднички живот со многу детали, значи, не да се градат замоци во воздух засновани на соништа и разочарување. Ако се’ разбираме, тогаш ќе ја разбереме и вистинската вредност на траењето, фактот дека постојат чувства кои траат и опстануваат, а кои носат радост.

Вистински да се сака е голем предизвик. Прво треба да се ослободиме од своите идеи, кои не’ спречуваат да се соочиме со стварноста. За тоа да го направиме, мораме да имаме јасни концепти, кои ќе ни помогнат да разбереме што не е вистинска љубов.

Прво заљубете се во себе и во својот живот, па тогаш сакајте, кого имате на ум. За да сакаме, без зависност и потреба, прво мораме да се почитуваме себе си.

Тоа значи, пред да кажете: ‘ Те сакам’ прво морате да кажете – Се сакам себе си. Љубовта кон себе е клучот за воспоставување на здрави односи. Ако сакаме да ја најдеме вистинската личност, мора да бидеме подготвени за однос. Ова бара внатрешна работа, која е малку потешка, но ќе донесе плод.

‘ Кога љубовта би била дрво, корените би биле вистинската љубов. Што повеќе се сакаме себе си, повеќе плодови ќе добиеме од нашата љубов кон другите која ќе биде потрајна’- Валтер Русо

Да се сака, значи да сака без услови и без исклучок. Нормално е и природно, да не ни се допаѓа се’ кај нашиот партнер. И покрај тоа, разликите ја прават љубовта преубава и потполна. Ако сакаме само она што ни се допаѓа или начинот на кој го идеализираме, наклоноста нема да трае, бидејќи ние сме и светло и темнина.

Љубовта не значи потреба, туку избор. Зависноста и љубовта се толку спротивни, што ако ги примораме да живеат заедно, ќе се уништат меѓусебе. Никој на светот нема одговорност да дополни она што ни недостасува.

Од таа причина, наместо потреба, му дава на личноста, која ја сакаме вредност, бидејќи ја почитуваме поради тоа што е, а не поради тоа што ни дава. Според тоа, ние мораме да работиме на себе и да се грижиме за себе, за да не паднеме во замката на ‘потребата’ по некој, кој внимава на нашите рани и ги исполнува нашите недостатоци. Клучот на вистинската љубов е во нас самите.

Да се биде совршен пар, не значи дека немате проблем, туку да знаете како да го решите. Понекогаш, грешиме во верувањето дека за љубов е неопходно да немаме проблеми, да не се дискутира, да се разбираме 100% и да бидеме секогаш достапни едни на други. Љубовта, од друга страна, значи соочување со доброто и лошото без никаква анестезија. Мораме да размислуваме за голата и широка стварност, решавајќи проблеми низ почитување, компромис и стабилност.

Љубовта не расте од ништо, љубовта се гради. За да изградите љубов, морате да формирате тим и да ги создадете правилата на игра. За да играме заедно, мораме да бидеме свесни за фактот дека е неопходно да комуницираме, да слушаме искрено и со емпатија, да водиме отворен дијалог и да ги елиминираме тврдењата.

Љубовта е изградена врз основа на подршка, признание и вистинска љубов. Благодарение на овие можности, веројатноста да се изгради нешто подобро од љубовта е поголема, а тоа е соучешниство.

За да сакате потполно, морате да ги утврдите своите емоционални граници. Здравиот однос, не е заснован на моќни игри или услови, туку од заеднички, уравнотежени и здрави намери. Поради тоа мораме да се ослободиме од идејата за жртвување на љубовта.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/8-cose-dovete-sapere-sullamore-vero/

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: