Имаме пошироки пaтишта а помали автомобили, повеќе начини за комуникација а помалку слушаме, трошиме повеќе а имаме помалку.
Купуваме повеќе а уживаме помалку. Имаме големи куќи а помалку челонови од семејство. Поголема удобност а помалку време. Повеќе лекови а помалку здравје.
Повеќе познаници, помалку пријатели. Имаме повеќе дипломи а помалку мудрост, повеќе знаење а помалку расудување.
Повеќе сручњаци а повеќе проблеми, повеќе знаење во медицината а помалку здравје. Премногу зборуваме, премалку слушаме. Малку сакаме а премногу мразиме.
Научивме да преживуваме ама не и да живееме.Му додаваме години на животот, но не и живот на годините.Патуваме на месечина а новиот сосед не го знаеме.
Владееме со надворешниот свет а слуги сме на сопствениот порок. Се грижиме за чист воздух а ја загадуваме душата. Го скршивме атомот а предрасудите не.
Пишуваме повеќе но учиме помалку. Научивме да брзаме но не и да чекаме. Имаме повеќе заработка но низок морал. Се бориме за мир а произведуваме маса на оружје. Се бориме за правата на животните а ги убиваме неродените деца. Не ја сакаме политиката а странки се повеќе.
Не го сакаме училиштето а сакаме да бидеме образовани.
Имаме големи автомобили а се возиме сами.Брзо се храниме но тешко вариме.
Ова е време на големи позитивни луѓе а мали карактери. Брзи промени и спори навикнувања.Ова е време за мир во светот а војна дома. Време во кое е има помалку вера а повеќе нервоза.
Насекаде љубов а разводи никогаш повеќе. Сите се женат- мажат со своја волја а никогаш понезадоволни.
Се повеќе луксузни куќи а сиромашни односи. Комуницираме повеќе а роднините ги запознаваме на свадби и погреби.
Животот не се мери со бројот на вдишувања кои ќе ги направиме, туку од моменти кои ни го одземаат здивот. Затоа Внимавај на своите мисли – тие стануваат зборови. Внимавај на своите зборови – тие стануваат дела. Внимавај на своите дела – тие стануваат навика. Внимавај на своите навики – тие стануваат карактер. Внимавај на својот карактер – тој станува судбина
Leave a Reply