Како повторно да поверуваш во Љубов

Не можеш да планираш љубов, како што не можеш да го планираш својот следен потез во кариерата или следниот одмор.

Не можеш да планираш кога ќе се заљубиш или кога ќе ти биде срцето скршено. Љубовта е непредвидлива.

Можеби е таа пред тебе или гледаш во погрешен правец. Можеби мислиш дека си ја пронашла, но за 5 год сфаќаш дека си промашила.

Не можеш да одлучиш кога ќе се заљубиш. Не можеш да го одредиш датумот во календарот кога ќе се заљубиш, нити сега знаеш дали за 10 год ќе бидеш со вистинскиот.

Вистината е дека не се знае кога љубовта ќе ти пријде. Не знаеш што ќе биде во иднина. Тоа никој не го знае.

Како што не знаеш кога ќе се заљубиш исто така не знаеш ни кога ќе се одљубиш.

Не можеш да планираш кога првата љубов ќе ти го скрши срцето и не можеш да означиш во календарот кога ќе преболиш.

Љубовта не може да се присили.

Љубовта не е тврдоглава мала работа и не може да се контролира.

Никогаш.

Без оглед колку ти се обидуваш да го контролираш својот живот со количината на љубов, таа сѐ повеќе ќе те изненади.

Изненади се со љубов наместо да се плашиш. Пушти ја да дојде кон тебе наместо да ја бркаш.

Не можеш да контролираш ништо со љубов, ниту пак можеш себе си да се контролираш  кога си во љубов.

Не можеш да ја предвидиш иднината. И престани да се плашиш од непознато.

Дозволи ѝ на иднината и времето нека го направат своето.

Остави времето да тече наместо да го ловиш чекорот со тоа. Дозволи си да поверуваш во љубов.

Дозволи си љубов кога за тоа ќе дојде време. Дозволи си себе си да излезеш од несреќна љубов.

Љубовта нека го направи своето. Љубовта има сопствен ум.

И кога таа ќе одлучи да дојде ќе направи сѐ да ти подари тоа што сакаш.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: