Емоционална уцена

Емоционална уцена е силен облик на манипулација која се изразува преку директни и индиректни закани кои ни ги упатуваат блиски луѓе. Овие закани се сведуваат на една основа која се изразува на различни начини:

 “Ако не се однесуваш како што сакам јас, ќе бидеш казнет.”

Луѓето кои емоционално нѐ уценуваат се свесни колку нас ни е важен односот со нив, исто така се добро запознати со нашите слабости а знаат и некои наши тајни. Овие луѓе исто така се грижат за нас, но без оглед на тоа, во моментот кога ќе се уплашат дека нема да биде како што замислиле,  ги користат сите расположливи средства и почнуваат да ни се закануваат за да се прилагодиме на нивните желби.

Поради овие луѓе размислуваме:” Еве повторно губам”. “Секогаш се предавам”. “Не реков тоа што вистински чувствувам”. Зошто не можам да речам тоа што мислам?fb_img_1533502045947

Во такви ситуации чувствуваме фрустрација и нерасположение, бидејќи сме се откажале од нешто што сакаме, за да задоволиме некој друг, но обично не гледаме друго решение. Манипулаторите знаат како да не утешат, така што ни даваат внимание кога одбиваат тоа што сакаат, но секогаш се закануваат само за да биде по нивно. Кога ќе им се спротиставиме, тие не казнуваат со чувство на вина и самопрекор.

Кога работите ги гледаме од страна, можеме да се запрашаме, како паметни и способни луѓе воопшто се наоѓаат во ситуација кога се збунети и немоќни во однос со некоја одредена личност која буквално ги врти околу малиот прст. Тоа може да биде партнер, родител, брат или сестра, пријател…

Како тоа овие луѓе не го разбираат однесувањето кое на другите е толку очигледно?

Авторите на книгата “Емоционална уцена”- Susan Forward и Donna Frazier, сметаат дека основната причина е тоа што манипулаторите околу нас создаваат некоја врста на магла, која се состои од страв, чувство на вина и обврски. На овој начин се сигурни дека ќе попуштиме на нивните желби, оти во спротивно ќе имаме многу јако чувство на вина. Еве неколку прашања кои ќе ви помогнат во откривање дали сте во некаков однос со уценувачот

– Ви се закануваат дека ќе ви го загорчат животот ако не постапувате по нивно

– Ќе го завршат односот со вас ако не биде по нивноfb_img_1533512604270

– Ви најавуваат дека ќе се повредат себе или ќе бидат депресивни ако не постапувате како што ќе речат тие

– Секогаш сакаат повеќе, независно колку давате

– Подразбираат дека ќе им попуштате

– Редовно ги занемаруваат или омаловажуваат вашите чувства и желби

– Ви ветуваат кули и градови, а ветувањата ретко ги исполнуваат

– Упорно ве убедуваат дека сте себични, лоши, безчувствителни или немарни кога не им попуштате

– Користат пари да биде по нивно

Најважен чекор кој треба да се превземе како би завршиле со емоционалната уцена  е самите себе да си разјасниме што всушност се случува. Ова не е лесно, зошто уценивачот, секогаш вметнува нови слоеви магла во нашиот однос и комуникација. Дури и кога сме свесни за своите емоции, расположенија и мотив, кога сме соочени со магла, нашата способност за проценка станува слаба.

Уценувачите секогаш го прикриваат притисокот кој го вршат врз нас, исто така постои огромна разлика меѓу она што работат од немар или намерно ама завиткано симпатично и шармантно  И тоа ве прави збунети, дезорентирани и огорчени.

Важно е дека без наша помош од уценатa нема ништо.

Значи за уцена е потребно двајца, оти е во прашање трансакција. За да го смените односот со уценувачот, клучно е да се открие како ние допринесуваме за таквиот однос.

Ништо нема да се промени сѐ додека ние не го смениме своето однесување.  Самото сознание што ни се случува не може да се направи ништо. Разбирањето зошто нешто работиме, воопшто нема да спречи да ги доживуваме уцените.

А емоционалната уцена значајно ја нарушува нашата самодоверба и самопочитување.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: