Излезете од сопствениот затвор…Животот е веќе тука..овде и сега!

Извадок од книгата  ”Човекот кој ги сакаше галебите”-  Ошо

Најголемата тајна на животот гласи – животот е дар. Запомнете го тоа. Не сте го заслужиле. Животот не е ваше право. Тој ви е даден, не сте го заработиле. Кога ќе го сфатите тоа, ќе ви се разјаснат многу дилеми.

Ако животот е дар, сѐ што се случува во животот е исто така дар. Среќата, љубовта, мирот- целата убавина е дар на светоста, дар на целината. Никако не можете да ја заработите, ниту можете да го натерате животот да ве усреќи, да бидете сакани.

Бидете трпеливи, отворете се кон среќата, предајте и’ се, имајте желба, но не барајте, не обидувајте се да ја зграпчите.

Не можете да трчате по среќата. Можете да ја чекате. Чекањето не е напад. Движете се, но не директно кон неа, бидејќи не сте агресивни. Ништо не е директно како насилството и ништо не е насилно како директноста.

Животот се движи во концетрични кругови, а не во одредена насока. Земјата се врти околу Сонцето. Сонцето се врти околу поголемо Сонце. Галаксиите се вртат, Свемирот се врти. Годишните времиња се менуваат.

Животот е цикличен, ништо не се движи право. Не е како стрела, која оди во одредена насока. Стрелата е човечки изум. Стрелата одбира најкраток пат, од една до друга точка. Стрелата е во големо брзање, како да е свесна за протокот на времето.

Животот не е брзање.

Бог има бесконечно трпение. Внимателно работи на индиректен начин. Создава бебе – таа работа трае девет месеци- изгледа дека нема никој, кој би му го мерел времето и ефикасноста. Тоа не се однесува само на бебињата- доста внимателно ги создава цвеќињата, птиците, тревата. Животот бара огромно внимание и многу време.

Животот не е брзање. Всушност, се чини дека Бог не е ни свесен за протокот на времето. Тој постои во безвременост. Ако сакате да бидете со Бог, немојте да брзате, инаку ќе го претекнете. Човекот се учи само, што повеќе да ги забрза процесите. Брзината сама по себе може да има вредност, но брзањето може да создаде само лудило- и создава лудило.

Познавав еден старец кој непрекинато се жалеше , секогаш нешто приговараше. Ништо не било како што треба – роден да критизира. Секако страдаше како и сите критичари. Некогаш било жешко, некогаш ладно, некогаш имало премногу дожд, некогаш било суша. Страдаше цела година, ниедно годишно време, не му беше по волја.

Негативен став– негативен ум- беше во непрекината потрага по среќа, постојано се обидуваше да биде задоволен. Никогаш не сум видел толку незадоволен човек : беше олицетворение на страдање , незадоволство.

Во очите му се гледаше само страдање и разочарување. По лицето имаше брчки како да беше згрчен од силното незадоволство. Секоја забелешка му се врежала во лицето.

Наеднаш се промени – ден пред својот шеесетти роденден. Луѓето дојдоа да му честитаат и не можеа да им поверуваат на своите очи – промената се случи преку ноќ. Некој ми ја раскажа приказната за него и тргнав сам да се уверам.

Тоа беше неговата револуција, со која ни Октомвриската револуција не можеше да се спореди. Кинеската револуција не беше ништо спрема тоа. Шеесет години тој човек тренирал незадоволство. Како…Наеднаш? Што се случило? Какво чудо…? Го прашав старецот, кој навистина беше среќен:”Што се случило?”

“Доста ми е од се’! Шеесет години пробав да ја достигнам среќата, но не ја достигнав. Ноќеска одлучив да заборавам на тоа, да не се оптеретувам со среќата и едноставно да живеам. И еве ме сега-среќен сум!”

Шеесет години трчаше по среќата. Што повеќе трчате, ќе бидете се понесреќни и понесреќни. Барате правец, како стрелата, но животот се движи по кружна патека. Бог не верува во скратен пат.

Ќе ја погодите метата, но среќата нема да биде таму. Милиони луѓе ја погодиле метата. Сакале да бидат успешни. Сега се успешни, но несреќни. Сакале да се збогатат. Сега се богати, но несреќни. Колку се побогати, толку се понесреќни бидејќи ја изгубиле и надежта. Мислеле дека со богатството ќе дојде и среќата, но, што сега…Кога се богати и несреќни? Не гледаат ни трага од среќата. Сега со несреќата доаѓа и безнадежноста.

Кога ќе заборавите на среќата, наеднаш се чувствувате среќни. Кога ќе заборавите на задоволството, наеднаш сфаќате дека сте го достигнале. Секогаш било тука, околу вас, но вие не сте биле присутни.

Сте размислувале: негде во иднината ме чека мета, која треба да ја достигнам, заслужена среќа, задоволство. Сте се замислиле себе во иднината, а среќата како мирис кој лебди секаде околу вас.

Вратете се дома! Само бидете! Немојте да се оптеретувате со среќата. Животот е дар и среќата ќе биде дар- дар од целината, свет дар. Кога предолго барате, се затворате. Кога сакате премногу, желбата создава толкав притисок што среќата не може да се прбоие во нејзината обвивка околу вас.

Ако сакате да бидете среќни, опуштете се, оставете се’ да оди по својот тек. Опуштањето е тајна, од исклучително значење за животот. Кога сте опуштени многу нешта почнуваат да се случуваат. Не сте можеле ни да бидете свесни; сте биле преокупирани со нешто друго, така затворени, така заглавени, што ни воздух не можел да продре низ вашите прозорци.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: