Во тешките животни фази, подобро разбираме кои сме и како животот функционира и најдобро сфаќаме, дека треба да се менуваме. Начинот на живот кој го негуваме, повеќе не не’ задоволува.
Околината и односите кои некогаш ги сметавме за прифатливи, повеќе не постојат или престануваат да одговаарат на нашите интереси. Ние внимателно ги чуваме спомените, но во еден момент се наоѓаме на раскрсница и мораме, да направиме еден чекор поинаков, за да можеме да се движиме во нов правец.
А тоа не е лесно. Болно е, да се откажете од она што е познато и удобно, посебно ако немате друг избор. Секое неубаво искуство, може да ве извади од колосек на некое време. Меѓутоа, штом се прифати вистината и се откажете од идеалот и дозволувате се’ да постои, значи се движите напред, станувате појаки и ја развивате способноста подобро да го разберете и да си го почитувате животот.
За да се постигне вистинската состојба на умот, која ни овозможува да се развиваме, треба да вежбаме свесност. Кога се сретнувате со некое тажно искуство, повторно се наоѓате на раскрсница, бидејќи вашиот ум бара негативни емоции. Треба да научите, да ги препознавате негативни емоции на возбудување, а потоа, свесно да го смирите својот ум, за да можете јасно да мислите и да можете, да донесете можни одлуки.
Најлесен начин тоа да се направи е практикување на некои работи.
1.Спокојство- тоа е суперсила. Способност, да не земате се’ на срце или да не реагирате премногу оштро, на се’ што ни се случува, а со тоа да му помагате на нашиот ум да биде јасен, а срцето спокојно.
2.Не можете да контролирате се’ што се случува. Можете да ја контролирате, само својата реакција на она што се случува. Твојата сила е во реакцијата.
3.Внатрешниот мир почнува во моментот кога длабоко ќе вдишете и не дозволувајќи, на другите да ја контролираат вашата емоција.
4.Ако сакате вашиот живот да биде посреќен, треба да го смените начинот на размислување. Способноста да се носите со стресот одредува колку ќе успеете во животот.
5.Бидете позитивни- тоа не значи да се игнорира негативното. Да се биде позитивен- тоа значи- да се надмине негативното. Помеѓу првото и второто, постои голема разлика.
6.Секој пат кога ќе посакате да реагирате на стар начин, запрашајте се:’ Кој сакам да бидам, затвореник на минатото или пионер на иднината?
7.Помислете како сте благословени. Одете како да сте благословени. Мислете така, работете така. И сигурно ќе бидете благословени.
8.Нормално е некогаш да сте ‘Крш’. Надминувајќи ја оваа состојба, станувате помудри.. Направете пауза. Само не се предавајте! За да се појават добрите работи во вашиот живот, потребно е време. Бидете трпеливи- и се’ ќе дојде на свое место.
9.Проблемот не е проблем ако премногу се грижите како да го решите. Отпуштете ја ситуацијата и станете слободен човек.
10.Да се отпушти – не значи да се заборави; Да се отпушти- значи да се сеќаваш, но без страв. Вие го продолжувате својот пат со научена лекција.
11. Често нашето мислење ни создава болка. Не постои ни една причина да се лишиме себе си од слобода. Препреки всушност не постојат- тие се само во нашата глава.
12. Премногу анализа на она што се случува може да ве уништи. Таа ја отежнува ситуацијата уште повеќе, ве тера да се грижите и често, ви се чини дека се’ изгледа многу компликувано од колку што е.
13.Навиката да се зборува за проблемите е најлоша. Ослободете се од неа. Разговарајте за она што сакате, за работи кои ви носат радост, за вашите скриени соништа.
14.Ќе почнете да чувствувате нелагода кога ќе дојде до промена. Ова е неизбежен дел од растот. Се’ ќе биде во ред. Бидете трпеливи.
15.Нашиот карактер најочигледно се манифестира во фазите на успони и падови. Бидете скромни кога сте на врвот. Бидете јаки кога паѓате. Не губете вера во себе кога сте на средина од патот.
16.Бидете благодарни за малите проблеми со кои секојдневно се соочувате. Тие ве прават појаки и помудри. Не дозволувајте да ве уништат.
17.Не, нема секогаш да добиете она што сакате. Но, сетете се дека има многу луѓе, кои никогаш нема да можат да постигнат, она што вие го имате до сега.
18.Интересно е да се разбере, дека сме надминале нешто, без кое сме мислеле дека не можеме да живееме. И после тоа сме се заљубиле, во она што не сме го ни сметале, како објект на своите желби.
19.Тајната на среќата и мирот, е во тоа да дозволите на ситуацијата едноставно да постои таква каква што е, ништо не смислувајќи големо и пробајте, максимално да се искористи.
20.Ако на другата страна тревата ви изгледа по зелена..Престанете да гледате таму. Престанете да споредувате. Престанете да се жалите и почнете, да ја залевате тревата под своите нозе. ‘Немам време да внимавам на својот тревник, бидејќи го гледам вашиот и тој ми изгледа по зелен’.
22.Ќе изгубите едно, ќе добиете друго. Почитувајте го она што го имате денес. Животот не треба да биде совршен и чудесен.
23.Во тие тешки денови, кога ви се чини дека не можете да издржите, потсетете се дека од 100 случаеви , 100 сте успеале да преживеете.
24.Ништо не трае вечно. Кога ќе го разберете тоа, можете да направите се’ што ќе посакате за да задржите било што.
25.Доживувајте се’ како што е. Учете, развивајте се, растете. Не е важно што сте направиле; она што навистина е важно, е она што го правите сега.
26.Книгата не е само едно поглавје и во неа, не може да се смести цела приказна. Грешките не ве дефинираат. Продолжете да ги вртите страниците кои треба да се вртат.
27.Пуштете од минатото се’ што е бескорисно и бидете благодарни за тоа што ве довело таму каде што сте сега…во нов почеток.
28.Ние го поминуваме своето време чекајќи го идеалниот пат. Меѓутоа, тој никогаш нема да се појави. Затоа што, заборавивме дека патиштата не чекаат; за да ги создадеме треба да се оди.
29.Во културата која бара моментални резултати, мораме да ја научиме убавината на трудот, трпението и упорноста. Бидете јаки, непоколебливи и присутни во сегашниот момент.
30.Научете да му верувате на патот, дури и ако не го разбирате. Понекогаш она што никогаш не сте го сакале или не сте го очекувале е она што ви е потребно.
31.Престанете да се расправате со себе. Работете на себе. Тоа значи дека сигурно ќе постигнете она што сакате, после одредено време. Се’ ќе се добие, ама не одма.
32.Ако имате потешкотии, подобро да се уморите од напорот и знаењето, отколку ништо да не работите.
33.Прифатете ја неизвесноста. Некои од најдобрите поглавија во вашиот живот ќе добијат свое име дури по некое време.
34.Слушајте го гласот во себе и својата душа. Премногу луѓе се губат во гужва, слушајќи ја буката на светот.
35.Што сте постари, тоа сте помирни. Животот ве смирува, сразмерно со растењето. Сфаќате дека сте изгубиле време во бесмисла.
36.Запомнете, вие бирате на што треба да се дава важност, а на што не. Сите работи во вашиот живот го имаат тој степен на важност, кој вие сте му го дале.
37.Не се враќајте во минатото. Негативните навики и модели на однесување, секогаш чекаат повторно да завладеат со вас кога се обидувате да станете подобри. Не губете будност и концентрација.
38.Опуштете се. Длабоко вдишете. Издишете.Не губете го позитивниот став. Не бидете премногу строги кон себе. Треба да Живеете и да учите. Простете си себе си и развивајте се, добивајќи неопходно искуство.
39.Користете го разочарувањето и незадоволството да останете мотивирани, а не како повод за осетливост. Живејте свесно. Во состојба сте да контролирате, како ќе реагирате на животот.
Почитувајте го тоа, колку сте напредувале. Многу од тоа сте поминале. Сте пораснале. Пофалете се за силата и истрајноста.
Leave a Reply