Понекогаш луѓето нема да го разберат твојот пат – во ред е тоа. Не мораат

За нашиот оптимален емоционален, телесен и когнитивен развој и здравје потребна е нежност, грижа и љубов. Се чини  таа потреба за љубов не престанува додека сме живи. Човек кој покрај себе нема друг човек- венее, губи разум, се разболува.

Другите луѓе ни требаат за да можеме да се видиме во нивниот поглед, да добиеме одговори на наши прашања или мисли, да го добиеме својот одраз и да се потврдиме како човечки суштества.

Контактот со другите е храна за нашата душа. Кога не се сакате себе си, тогаш не се разбирате со никој. Среќа, како возрасни сепак сме научиле да преживееме без љубов од друга личност. Мудро ги пополнуваме фиоките и пополека ги трошиме залихите, се додека не дојде нова љубов.

Во овој отуѓен свет, во постојана трка за материјални добра, се повеќе ги има оние, кои наместо да ја гушнат новата љубов, бегаат од неа, плашејќи се од отворање за нова блискост, бидејќи многу пати биле повредени и се плашат од нова болка. Подобро им е да овенат. Бунарот се празни,  ако самите не сме во состојба да го наполниме со свежина.. ќе се исуши..Се чини дека тоа е основна мудрост која вели: ‘ако не се сакаш себе си не можеш да ги сакаш другите’.

Кога не се сакате себе си, тогаш често не се разбирате и сте самокритични. Се плашите од осаменост и избегнувате да бидете сами, влегувате во врски од погрешни причини или заглавувате во погрешни приказни. Кога себе си не се сакате, во љубовните односи гледате почеток и крај на сѐ, особено на сопствената среќа, па и самиот живот и подготвени сте да се жртвувате себе си и своите потреби за другите. Кога ке ја изгубите саканата личност се чувствувате отфрлено, изгубено ако не се сакате. Како да се наполни својот бунар, својата фиока со љубов кон себе?

Простете им на сите па и себе си и бидете благи кон себе, љубезни и трпеливи.

Простувањето е нашиот клуч од вратата на љубовта. Дури и кога не сме свесни, можеме да повредиме и да бидеме повредени, но да се врзеш за повредата значи да се осудиш на многу болна лекција.

Блискост, без која нема вистински однос, ги симнува маските и оклопите и стануваме многу ранливи, но тоа е цената која треба да се плати.

Простувањето значи да се согледа лекцијата пред кривицата и одговорноста. Така си даваме шанса да бидеме луѓе, несовршени ама вредни.

Учиме заедно на своите и туѓите грешки без лутење, горчина, без желба да осудиме и зададеме иста болка која и самите сме ја почувствувале. Освестете го и запрете го, секој критичен разговор кој си го упатувате самите на себе

Кога на сопствената несовршеност или направена грешка реагирате бездушно, критикувајки се, на дело е научена лекцијата од детство. Со повторување на пораката која сме ја научиле од родителот, продолжуваме со приказната која и понатаму не држи заробени во внатрешниот свет, исполнет со НЕ- љубов.

Сменете ја плочата со меморирани критики, омаловажување, со прекор кој постојано го вртите во главата. Уклучете го гласот на најдобриот пријател, речете си :”Те разбирам, тоа можеби не било најпаметно, но, на сите може да им се случи”.

Поддржувајте се, дајте си подршка, речете си дека се’ ќе биде во ред. Научете од грешките и немојте да ги повторувате.

Има ли смисла да се уништувате, како што ве кршеле додека сте биле немоќни да се одбраните? Освестете ги своите потреби, управувајте со сопствениот живот. Мотивирајте се секојдневно за нов чекор.

Имате прилика за тоа, во моментите кога по ноќниот одмор пополека доаѓате во будна свест. Тие мигови се најмоќни во подигање на сопственото расположение. Бодрете се и подсетете се дека пред вас е нов ден, преполн со љубов кон себе.

Откога ќе се разбудите, тргнете во нов ден со радост. Однесувајте се кон себе си, како кон личноста која ја сакате.

Често од другите очекуваме да не’ исполнат со љубов, со чувство дека сме потребни, дека не сме сами.  Но кога на некој му даваме можност да не’ направи среќни, истовремено се изложуваме и на опасност да ни го одземе тоа право. Ако истовремено не сме изградиле и здрав однос кон себе, можеме да се почувствуваме и напуштени, несакани и осамени.

Сетете се како се однесувате кон некој кого навистина го сакате. Така однесувајте се кон себе си.

И уште нешто: прифатете ги и моментите кога ништо не ви оди, кога сте лути, тажни, нерасположени. И тоа е во ред. Не треба и не можеме постојано да бидеме одлично. Затоа медитирајте..така побрзо ќе се запознаете со себе и ќе се засакате..

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: