Понекогаш треба да заборавиш како се чувствуваш и да се сетиш што заслужуваш

Кога животот станува стресен, често забораваме работи на кои треба да се сеќаваме, а помниме работи кои треба да ги забораваме.

Звучи познато? Секако, бидејќи сите поминуваме низ слични искуства. Погледнете ги малку лицата околу себе и ќе забележите дека секој има своја приказна, секој нешто бара, секое срце чука исполнето со среќа, тага, страв, копнеж…

Тоа е дел од ова патување кое го нарекуваме живот. Лошите денови се неизбежен дел од животот и во такви ситуации потребна ни е доза на мотивација..

1.Вие сте во ред.

Сега сте само малку меланхолични?. Имате лош ден? Тоа е во ред. Вие сте во ред. Сега сте за нијанса по јаки, од она што бевте вчера. Ставете ја раката на срцето.Чувствувате? Тоа се нарекува цел.

Вие сте овде со причина. Не се откажувајте. Не дозволувајте еден или два темни облаци да го прекријат вашето цело небо. Сонцето секогаш сјае над нив. Сонцето секогаш сјае на некои делови од вашиот живот.

Понекогаш е едноставно потребно да се заборави како се чувствувате, да се сетите што заслужувате и да продолжите да се движите напред. Сите правиме грешки. Сите ние од себе сме направиле будала. Му дозволивме на луѓето да не’ искористат и добивме само малку од она што го заслужуваме.

Ние исто така на другите сме им дале многу малку од она што заслужуваат. Понекогаш дозволуваме нашите приоритети и граници да ги проголта хаотичниот ден. Но, ако размислиме за тоа, многу сме научиле од нашите погрешни избори и дури и ако постојат некои работи кои никогаш нема да ги поправиме, ќе ја комплицираме нашата иднината.

2.Повеќе сте способни отколку што мислите. Сетете се дека сте неверојатно способни да се соочите со големи предизвици. Но во време кога е се’ во ред, многу е лесно да се биде спокоен и да се заборави колку сте способни да бидете вешти и снаодливи. Неочекувани проблеми се неопходно зло кои ве тераат напред; бидејќи проблемите со време ќе престанат, но лекциите и растот кое од нив го добивате, траат за цел живот.

Постојат две врсти на болки во животот: бол која ве боли и бол од која растете. Но, кога учите од тешкото искуство тие се подеднакви. Силата не се добива, од она што можете да направите. Таа се создава од премостување на она што не сте направиле порано. Тешките ситуации произведуваат јаки, успешни луѓе.

Значи, без оглед на тоа колку вас сега ве боли, морате главата да ја држите горе, стиснете заби и направете уште еден чекор. Не губете време жалејќи се. Упорноста и одлучноста, зборуваат доволно гласно. Преку своите борби бидете фокусирани. Напорно работете во тишина и нека вашиот успех биде вашата бука.

3. Борбата е пат кој води до подобри денови. Дали патот кон напред ќе биде секогаш лесен? Не, воопшто. Но, дали тоа е вредно за вашиот труд? Апсолутно. Борбата не ја наоѓате на патот, туку таа Е патот, која води до подобри денови. Кога денот навистина е мрачен, може да биде тешко да се види светлина, но вредно е за обид.

Вистинската сила доаѓа кога имате за што да плачете и да се жалите, но наместо тоа бирате насмевка и го цените својот живот. Благодетите се скриени во секоја борба со која се соочувате, но морате да бидете подготвени да го отворите вашето срце и ум за да можите да го видите.

Вие не можете да го присилите работите да се случат. Можете само да полудите обидувајќи се. Во еден момент потребно е да се опуштите и да им дозволите на работите да се случат. Да се сака својот живот, значи да се верува на својата интуиција, да се рискира, да се губи и наоѓа среќата, да се негуваат спомените и да се учи преку искуството.

Тоа е долготрајно патување. Престанете да се грижите, да се прашувате и да се сомневате на секој чекор на патот. Свесно живејте во моментот и уживајте во тоа, како животот ви се разоткрива. Отворете ги широко своите раце со искуствата и лекции што доаѓаат . Можеби нема да завршите таму кај што сте сакале, но сигурно ќе завршите таму каде треба да бидете.

4.Следниот чекор секогаш ќе ви се исплати, а тоа е причина да продолжите да правите најдобро што знаете. Не се плашете повторно да застанете на нозе- да се обидете повторно, повторно да сакате, повторно да живеете и повторно да сонувате. Не дозволете тешката ситуација да ви го скамени срцето.

Најубавите животни лекции често се учат во најлоши времиња и од најлоши лекции. Ќе дојде време кога ќе изгледа дека тргнало на лошо се’ што можело да тргне наопаку. Можеби ќе се почувствувате како да сте вечно заробени во некој проблем, но тоа не е така. Кога ќе посакате да се откажете, сетете се дека понекогаш мора да поминете низ најлошо како би испаднало најдобро.

Да, животот е тежок, но вие сте појаки. Најдете сила да се насмевнете секој ден. Најдете храброст да се чувствувате поинаку, но секогаш поубаво. Насмејте ги и другите. Не се вознемирувајте околу работи кои не можете да ги промените. Живејте едноставно. Љубете великодушно. Зборувајте ја вистината. Работотете со елан. Ако згрешите, продолжете понатаму. Продолжете да растете. Секое утро разбудете се и дајте се’ од себе.

Во негативните емпции, како и во болести, често има некоја порака. Вие превземате мерки, обидувајќи се да ги подобрите односите со партнерот, да ги решите проблемите на работа, да се разберете со околината- но ако нема промени на ниво на свеста, сето тоа не е ништо повеќе од ‘ козметички поправки’. Промените на ниво на свеста можат да значат само поголем степен на присуство. На одреден степен, просуството на неопходност за негативни емоции и нивните ‘ совети’ отпаѓа.

Кога ќе почувствувате во себе негативност предизвикана од надворешни настани или мисли- можеби дури воопшто да не ви е јасно од каде се појавила, замислете некој глас да ви каже: ‘ Внимание. Овде и сега. Разбуди се. Одвои се од умот. Биди присутен.

Не се бранете ни од лесно нервирање- освестете го и набљудувајте, инаку ќе соберете цела колекција на реакции без надзор. Ова не е единствен начин да ги отпуштите негативните реакции.

Можете, на пример, да се замислите себе си транспарентен за надворешните околности кои предизвикуваат кај вас таква реакција. Се нервирате. Која е целта на нервирањето? Нема цел.

Зошто го предизвикавте? Всушност, вие не го предизвикавте. А кој тогаш? Вашиот ум. Тој тоа го направи махинално, сосем несвесно. Зошто на умот му е потребно нервирање? Умот подсвесно се надева дека отпорот кој вие го чувствувате како негативност, ќе помогне да се носите со негативната ситуација.

Екарт Тол: ‘Кога ќе почувствувате негативност’

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: