Верувај им на очите, зборовите плеткаат

Нашиот ум гради прв впечаток, создавајќи слика од различни сигнали, кои ги добива во текот на запознавањето со нова личност, места или ситуација. Истражувањата покажуваат дека одлуките донесени во еден миг, врз основа на некои почетни слики, понекогаш е по веродостојно, од оние донесени по долгорочна анализа.

Веројатно сте се нашле во некоја ситуација, кога некој прв пат во животот го гледате и ви остава силен впечаток.

Можно е и обратно – некој да не ви се допадне на прва топка и веднаш да почувствувате одбојност или воздржаност, која не можете рационално да ја објасните. Во секој случај, првата средба е набој од настани кои го поставуваат темелот на идниот однос.

Научниците дошле до заклучок, дека нашиот мозок брзински го скенира непознатиот со кој имаме контакт, користејќи колаж од сите сигнали кои се пуштаат кон нас. Со контактот градиме впечаток, како дигитална фотографија – веднаш е развиена, никогаш сосем не избледува и бележи многу точни податоци. Бројни истраживања ја потврдуваат моќта на првиот впечаток.

Во едно истражување, неколку обични граѓани без психолошко образование, гледале видеоснимки од 20 до 32 секунди, во кои се претставувале кандидати за работа. При тоа учесниците во истражувањето направиле психопрофили на кандидатите, оценувајќи ја нивната симпатичност, самодоверба и др. Истите кандидати, ги анализирале стручни испитувачи, во 20 минутни интервјуа. На изненадување на научниците, обичните граѓани исто ги оцениле како и стручњаците, иако ги виделе во кратки видеа.

Насмевката отвора врата. Топол или пискав глас, намуртено или ведро лице, уредна или згужвана кошула, спуштени или кренати рамена – сите тие податоци истовремено ги погодуваат нашите чула и нѐ носат на брз заклучок: овај продавач на осигурање ми е сомнителен, овој автостопер нема да го земеме, оваа девојка би била добра цимерка. А тој процес се случува многу брзо: основниот суд за човекот, кој прв пат го гледате, го донесувате во првите три секунди. Развиваме способност на брза проценка, дали странецот на пример, ќе ни наштети или ќе ни користи.

Таа способност некогаш била многу важна. Моќта на брзата проценка, се наоѓа во примитивниот дел на мозокот,  кои го делиме со животните. Тој нагон, помага кај живите суштества, да се заштитат од грабливци и пленот. Таа способност е важна и во цивилизацијата, но во помала мера од дивината.

Денес, заканата за човечката благосостојба, доаѓаат од многу сложени облици – преку политички одлуки, движењето на берзата, промена на курсната листа и животните трошоци. Сепак, и понатаму е важно, точно да се проценат луѓето кои ни влегуваат во животот.

Моќ на првиот впечаток

Прво што приметуваме е насмевката на соговорникот. Способни сме да препознаме насмевка од 30 метри. Насмевката ни кажува, дека кај другите луѓе ќе најдеме позитивен прием, па и ние така возвраќаме. Луѓето се успешни во брзо читање од лицето, под услов изразот да биде искрен. Некои изрази на лицето, можат да се наместат со силата на волјата, но некои се под контрола на автономниот систем, кој автоматски изразува емоции.

На пример гневот, кога усните спонтано се собираат, тешко е да се постигне намерно. Други емоции, како радост, можат лесно да се одглумат, бидејќи е доволна уверлива насмевка и не е потребно многу напор. За да можеме да го разоткриеме, оној кој глуми емоции, потребно е извежбано око. За добра проценка на личноста, не е доволно да се биде бистар туку треба да имате искуство со луѓето. Кој поминува повеќе време, негувајќи односи е по способен за вистински брзи проценки.

извор: atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: