Ако се критикувате, а тоа не ви помага, обидете се да се пофалите себеси и видете што ќе се случи

Жената има една опасна навика. Во енергетска смисла ја дава и ‘последната кошула’, по цена, да остане без ништо. Но, тоа не е секогаш поради потребата да се помогне на некој.

Понекогаш го даваме последното од себе, на некој, на кој ништо посебно не му е потребно, само за да бидеме добри, надевајќи се дека ќе добиеме љубов, а понекогаш, сите ние тоа го правиме од глупост. Само не приметуваме, како тоа се’ се случува.

Често процесот на давање е полн со ентузијазам, жената е на ‘своите бранови’ и лесно се дава. А тогаш всушност, буквално паѓа, се сопнува од камен. Наречете го како сакате, но енергијата исчезнува. Ја нема за никој. Постојат многу различни знакови дека се ближите кон емоционална исцрпеност.

Еве ги најчестите.

1.Ве нервираат други луѓе. Без оглед дали се блиски или непознати, можеби само сте виделе објава на социјалните мрежи, од непозната личност и ве нервираат, а да не ги спомнуваме блиските.

2. Лошо спиете ноќе поради различни мисли, не можете да заспиете (и невозможно е во потполност да се опуштите, ноќта ве исцрпува). Несоницата е секогаш знак на исцрпеност.

3. Не изгледате добро. Нашата емоционална состојба и исполнетост се чита од погледот. Ако тој е угаснат- време е за опоравување.

4. Јадете премалку или заборавате да јадете.

5. Јадете премногу, не бирате, се’ што ќе ви дојде под рака, без чувство за вкусот на храната. Ова е опасен знак, бидејќи ќе ве донесе до прекумерна тежина и пореметување во исхраната.

5.Имате проблем со готвењето на храната- невкусна е или воопшто не успева. Немате желба да готвите. Обично тоа зборува дека треба со нешто да се исполните себе си, што е можно побрзо.

7. Во куќата ви венее домашното цвеќе. Изгледа како се’ да работите, а тоа не сака да расте и живее. Обично тоа се случува кај жени, кои со себе и својата женска суштина, се во несклад.  И тоа е симптом дека е време да се посветите себе си.

8. Немате желба да му посветите внимание на партнерот со љубов. Едноставно немате и тоа е се’. И било која сугестија, допир- многу ве иритира. Тоа може и да не биде симптом, ако отсекогаш сте имале мали потреби за секс, или вие и вашиот сопруг апстиненирате. Но, ако таа желба обично била, и одеднаш долго време ја нема- тоа е аларм. Но, не треба да се присилувате. Прво треба да се исполните.

9. Се разболувате. Понекогаш е тоа единствен начин, нашиот организам дојде до нас и да не замоли за пауза. Насилно да ве фрли во кревет и да ве присили на одмор.

Значи, секоја болест- главоболка, настинка, проблем со кожата- тоа е секогаш аларм, дека хитно треба да се погрижите за себе.

10. За се’ сте мрзливи. Кога не сакате да чистите, миете садови, да се туширате- тоа е знак на сериозен замор. Посебно ако постои нешто што посакувате, но никако не можете да се натерате себе си- значи потребан ви е вистински одмор, не само да ‘седите на телефон’.

11. Депресивни и песимистички мисли. Го приметувате ова расположение во својата глава? Хитно, хитно, хитно почнете да се грижите за себе, сите тие мисли, да не се остваруваат.

12. Не можете да се разбудите наутро и постојано сакате да спиете. Ова е сигнал на исцрпеност- и на срцето и на енергијата.

13. Викате на блиските. Ако одеднаш почнете да викате на сопругот, децата и родителите- јасно е дека нешто не е во ред а блиските не се виновни. Само сте исцедени и сите страдаат поради тоа.

14. Не сакате да комуницирате со никој. Жените сакаат да зборуваат. Секако, некои само со блиските, а некои со сите. Но, ако жената не сака да разговара воопшто и тоа трае повеќе од неколку часови- веројатно дека нешто не е во ред.

15. Не сакате да се грижите за себе. Кога сте премногу мрзливи да ја средите косата, не сакате да се шминкате, тоа е симптом на исцрпеност и тоа во опасна фаза.

16 Трошите пари на другите. Добивте плата и одите до продавница. Купивте? На ќерката фустан, на синот играчка, за сопругот кошула, нешто за дома и нема повеќе пари. А за себе? Ништо. Ништо не ви се допаднало или пари нема доволно, па нема време. Опасен симптом!

17. Ништо не сакате. Во продавница ништо не ве привлекува за себе- ни фустан, ни чевли, ни книги. Ве прашуваат што да ви подарат, а вие не знаете што сакате. Внимание! Опасна состојба!

18. Себе си не си се сакате. За такво тело не сакате ништо да купите, такво лице не сакате да нашминкате, ни таква коса да средите. Не сакате да се гледате во огледало, а уште повеќе да се сликате. Алармантен знак! Да, можеби е време да размислите за својата состојба.

19. Зголемена грижа. Чувствувате претерана паника и желба да контролирате се’, што и да е во прашање. Во градите, немир, страв, грижа- не можете ништо да направите? Тоа значи дека сте опустошени и дека немате сила, внатре да си помогнете себе си и на своите блиски, за да ги заштитите.

20. Премногу брзо темпо. Дали чувствувате дека не живеете, туку дека трчате- на работа, во градинка, по автобус? Дури и во тоалет одите како во војска-одработувате за 60 сек? Значи, време е да успорите и да се одморите.

21. Премногу ‘ТРЕБА’ е во главата? Треба тоа и тоа да се направи, мора да се направи и ова, морам да бидам таму и таму… Внимавајте на себе, ова е знак на погрешниот пат.

22. Се’ сама. Штом имате желба да работите се’ и сами, бидејќи никој не сака да направи како што треба. Штом почнете да кукате, за тоа како ви е жал, што се’ работите сами, тоа е опасен сигнал и знак.

23. Дискусии и осуди. Сте се фатиле себе си како на некој му ги ‘ ги кршите коските?’ И судите на власта, соседите и ѕвездите, ги осидивте сите кои не се во право? Сметајте дека со еден потез ја запаливте сета своја сила. Во тој момент може дури да биде добро и забавно, а потоа да дојде до потполно пустошење.

Дали се пронајдовте негде? Дајте си себе си можност, да легнете во када без чувство на вина, најдете можност да одите во природа, најдобро сами, читајте книга, гледајте филм. Направете нешто пријатно и бескорисно со цел- ‘ ред’ во вашиот живот- всушност тоа е најкорисно во тој момент.

Ако игнорирате поради општествените норми- очекувајте неволја. Ако пронајдовте барем еден знак? Посветете се себе си сега. Се’ одложете веднаш. И дајте си себе си прва помош.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: