Она во што верувате, има поголема моќ од она што го сонувате

A) Избери планина на која сакаш да се качуваш, не обрнувај внимание што другите кажуваат, како на пример – ‘онаа таму е поубава’. Ќе потошиш многу енергија и ентузијазам за да ја постигнеш свој цел. Ти си единствениот одговорен и ти би требало да бидеш сигурен во тоа што го работиш.

B) Дознај како да ѝ се доближиш: планините често се гледаат од далеку – убави се, интересни, полни со предизвици. Но, што ќе се случи кога ќе се доближиш? Патеки има насекаде околу неа, цвеќиња растат помеѓу тебе и таа цел, она што изгледало така јасно на мапата е тешко во реалноста. Затоа пробај ги сите патеки и патчиња сѐ додека на крајот еден ден не стоиш под врвот кој сакаш да го достигнеш.

C) Учи од некој кој веќе бил таму горе: Без оглед колку посебно се чувствуваш, секогаш постои некој кој имал ист сон пред тебе и оставил трагови кои можат да ти го олеснат патувањето, места на кои можеш да го прицврстиш јажето, патчињата, скршени гранки, нешто кое го олеснува патувањето. Искачувањето е твое, како и одговорноста, но не заборавај дека искуството на другите може да ти помогне.fb_img_1533634270475

D) Кога ќе ги видиш одблиску, опасностите полесно ќе ги контролираш. Кога ќе почнеш да се качуваш на планината на своите соништа, внимавај на околината. Има стрмнини, се разбира. Има и невидливи пукнатини во планинските стени. Има стени кои се толку мазни од олуите и лизгави како да се движиш по мраз. Но, ако знаеш каде го ставаш секој чекор, ќе ги видиш замките и начините како да ги заобиколиш.

E) Пејсажот се менува, затоа претпазливо: секако, мораш целта да ја имаш во главата – да се стигне до врвот. Но, успат многу работи можат да бидат видени и не е никаков проблем да се застане и да се ужива во видеогругот кој те опкружува. Со секој освоен метар можеш да видиш понатаму, искористи го тоа да ги откриеш работите кој уште ги немаш приметено.

F) Почитувај го своето тело: можеш да се искачиш на планина само додека му даваш на своето тело внимание кое го заслужува. Имаш време кое ти го дава животот, сѐ додека одиш без барања за она што не ти е овозможено. Ако одиш премногу брзо ќе се умориш и ќе се откажеш на пола пат. Ако одиш преспоро, ќе падне ноќ и ќе се изгубиш. Уживај во околината, уживај во ладната изворска вода и овошјето кое природата несебично ти ја нуди, но продолжи да одишfb_img_1533665383419

G) Почитувај ја својата душа: не повторувај постојано ‘јас ќе успеам’. Твојата душа тоа веќе го знае, она што неа и треба е да го искористи долгото патување како прилика за раст, да се прошири преку целиот хоризонт, да го допре небото. Опсесијата нема да ти помогне воопшто да ја достигнеш својата цел, дури ќе ти го одземе задоволството за качување. Но, внимавај, немој да повторуваш постојано “ова е потешко отколку што мислев”, затоа што таа мисла ќе ти ја одземе внатрешната сила.

H) Биди подготвен да се искачиш километар повеќе, патот до врвот е секогаш подолг од она што мислиш. Не се залажувај, ќе дојде момент кога она што изгледало така блиску сеуште е далеку. Но, подготвен си да одиш понатаму, ова нема да ти биде проблем

I) Биди среќен кога ќе се искачиш на врвот: плачи, шлукај, викај по ветерот дека си успеал, нека ветерот, кој најмногу дува на врвот, ти го прочисти умот. Ќе ги освежи твоите уморни стопала, ќе ти ги отвори очите, ќе ја исчисти прашината од твоето срце. Чувството е толку добро, тоа е она што некогаш било само сон, далечна визија, сега е дел од твојот живот- си успеал!fb_img_1533665150872

J) Вети сега кога си ја открил силата за која не си свесен, дека ќе ја користиш оваа сила до крајот на својот живот. Пожелно е и да си ветиш дека ќе откриеш уште една планина и дека ќе тргнеш во уште една авантура.

K) Раскажи ја својата приказна: да, раскажи ја својата приказна. Дај пример. Кажи им на сите дека е можно, дај му мотив на другите луѓе да имаат храброст да се соочат со своите планини.

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: