Кога ќе го пронајдеш својот живот, повеќе нема да гледаш во туѓиот

Alan Watts се смета за еден од најпознатите тумачи на источната филозофија за современиот Запад. Имал неверојатен и неопислив начин на пишување на НЕ напишаното.

Покрај сите квалитети кои ги поседувал, овој сјаен писател и говорник, имал и единствен дар на изразување на сложени мисли во многу едноставна форма. Единствениот начин, на кој покажувал и ги изразувал своите размислувања, го направи уникатен филозоф, некој кој го разбираат голем број луѓе.

Еве некои негови нај влијателни магични мисли

1.’Човек страда само затоа што сериозно го сфаќа она што Бог го создал за забава’.

Сите го знаеме фактот дека ние луѓето премногу сериозно ги сфаќаме работите. Премногу размислуваме, до точка, во која стануваме нервозни и нетрпеливи. Премногу анализираме и ги преценуваме работите и тоа не доведува во состојба на депресија. Ако постои нешто што Алан барал од нас, тоа е да уживаме во животот и да го доживуваме животот како игра. Ние сме само мала точка, во огромниот универзум и нема потреба работите да ги сфаќаме премногу сериозно. Излезете и уживајте во ова преубаво искуство.

2.’Матната вода најдобро се чисти кога ќе ја оставите на мир’.

Оваа мисла упатува на НЕ форсирање на работите, без создавање на тензија. Понекогаш работите ќе испаднат подобри ако ги пуштиме сами да одат по свој пат и едноставно да се случат. Како што лебдиме во вода. Значи, не се работи за напор кој го вложуваме за да пливаме, туку едноставно пуштаме водата да нѐ носи.

3. ‘Да се има вера, значи да ѝ се верува на водата. Кога пливате, вие не ја фаќате водата и не ја задржувате, бидејќи ако тоа го направите, ќе потонете и ќе се удавите. Наместо тоа опуштетете се и пливајте”.

Оваа мисла упатува на предходната. Довербата, која многу од нас погрешно ја замислуваат, не значи да се врзувате за работите или луѓето, туку едноставно  пуштање, со верба во целиот процес. Во животот, не можеме непрестано да живееме во стравови, формирани со мислите или плановите. Навиката да се бара сигурност и верување само го отежнува патот по кој одиме и го намалуваме уживањето во животот. Пуштете и ослободете се.

4. ‘Што повеќе работата треба да биде трајна, тоа сѐ повеќе тежи да биде безживотна’. Заедничката основа во источната филозофија е дека суштината на животот е во минливоста  а тоа е сигурна вистина. Животот во својата суштина е процес помеѓу животот и смртта, создавањето и деструкцијата, промената. Сѐ се менува, секој момент. Станиците се размножуваат, растенијата растат, свемирот се шири. Сѐ што е живо, е во постојно движење. И тоа е убавината на животот. Секогаш постои некоја страст во промената и тоа секогаш, носи нешто ново за нас.

5.’Работите се такви какви што се. Гледајќи во свемирот ноќе, ние не правиме споредби помеѓу добри и лоши звезди, ниту помеѓу добро и лоши распоредени звезди.’

Алан смета дека овој систем на етикетирање е бесмислен, бидејќи нема добро и лошо, негативно или позитивно. На крајот сѐ е исто, само постои друга страна на паричката. За да живееме живот во потполност и без ограничувања, мораме да прифатиме дека секое искуство е дел од процесот на учење. Ако постојано прифаќаме само една, никогаш нема да го видиме животот, каков е навистна, а тој е палета со многу различни бои и нијанси.

6.’Секој е толку луд, колку што е трезен: во спротивно, тоа е како челичен мост, без флексибилност, а редот во неговиот живот е крут. Крутоста е само синоним за досадна, неприродна и ограничена визија’.

Во животот е важно да се движите како вода, да течете, затоа многу источни филозофи имаат однос кон водата како кон голем учител. Животот е нестабилен и спонтан, да се биде ригиден во животот значи, да се оди по досаден и ограничен пат. Нема да уживаме во потполност и на крајот од патот, ќе забележиме дека неповратно сме го потрошиле нашето време.

7.’Ние не доаѓаме НА овој свет, ние доагаме ОД него, како лист од дрво’.

Еден од најголемите проблеми на општеството на кој Алан укажува, е интензивното одделување помеѓу човекот и природата. Луѓето имаат тенденција да се видат себе си како вонземјани кои дошле на земјата. Ние имаме константна желба да смениме, уништиме и манипулираме со природата. Забораваме дека сме и ние природа, а сме сведоци, на сите последици на нашите дела.

Глобалното загревање, тоталната деструкција на нашите ресурси, загадување на водата.. Ќе дојде момент кога сите ќе забележиме дека сме поврзани со овој свет и свемирот, како што е коренот на дрвото поврзан со земјата.

8.’Без раѓање и смрт и без трајна промена на сите форми на живот, светот би бил статичен, без ритам, без игра и мумифициран’.

Несомнено, она што го прави овој свет преубаво искуство е минливоста и промената на сите работи кој го сочинуваат. Овој свет секогаш ќе има мистериозен и непредвидлив начин на движење. Сѐ се менува и тоа е неопходно да се прифати и да се живее со тоа.

Ние сме дел од светот и со тоа сме исто така подложни на промени. Не можеме да се спротиставиме на нашата природа, мораме да прифатиме и да уживаме во оваа преубава игра.

9.’Само зборовите и правилата можат да нѐ изолираат од потполно недефинирано нешто што е Сѐ’.

Алан го набљудувал животот како нешто недефинирано и со една цел ЖИВОТОТ да се доживее. Секогаш зборувал дека овој универзум не може да се дефинира со зборови и што повеќе се трудиме, се повеќе се оддалечуваме од реалното искуство. Мораме да го живееме секое искуство, а не да се обидуваме да го дефинираме.

10.’Утре и утрешните планови нема да имаат никакво значење, ако не живеете во контакт со реалноста во сегашноста, бидејќи вие сте во сегашноста и само во сегашноста живеете.

Повеќе од вистина е дека само ако живееме во сегашноста, ние навистина уживаме во сите задоволства на животот и го елиминираме секој страв од иднината, нервоза или депресија. Правење на планови за иднината е корисно за оние кои знаат како да уживаат во иднината ѝ кога таа ќе биде сега. Бескорисно е да се живее за иднината кога не ја живееме тогаш кога ќе дојде. Учете да живеете сега и ќе можете да уживате во сѐ друго што ќе доаѓа.

11.“Проблемите кои упорно остануваат нерешливи секогаш треба да се означат како прашања поставени на погрешен начин”

Сите проблеми имаат решение, проблемите се решени во решението. Ние имаме моќни умови, кои работат по креативност и логика, ние имаме моќ да создаваме решение.

Alan Watts со својот позитивен начин на размислување, имаше сјајна способност да укажува на проблемите и наоѓање на нивно решение. Сите тоа го можеме, потребно е само дишење, мир и концентрација. Понекогаш решението е во тоа, како им приоѓаме на проблемите.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: