Сакам да знам

Не ме интресира од што живееш. Сакам да знам што посакуваш и дали имаш храброст да сонуваш за исполнети желби на срцето твое.

Не ме интересира колку години имаш. Сакам да знам дали можеш да испаднеш будала поради љубовта, твоите соништа, поради оваа авантура која се нарекува живот.fb_img_1533665459413

Не ме интересира кои планети делуваат на твојот Месец. Сакам да знам дали допираш до средиштето на сопствената болка, дали тие животни разочарувања те отвориле или те натерале да се стуткаш и да се затвориш од страв повторно да не чувстуваш болка.

Сакам да знам дали си во состојба да трпиш болка, мојата или својата а при тоа да не ја криеш или да ја ублажуваш или да ја бришеш.

Сакам да знам дали можеш да и се препуштиш на радоста, мојата и својата и можеш ли да заиграш и да дозвлиш страста да те понесе без предупредување да бидеме внимателни, да бидеме реални, да бидеме свесни за човечките ограничувања,

Не ме интересира дали приказната што ми ја раскажуваш e вистина. Сакам да знам дали можеш да разочараш друг за да ја сочуваш искреноста кон себе, можеш ли да поднесеш обвинувања за предавство а при тоа да не се изневериш себе си, можеш ли да бидеш предавник а со тоа да ја сочуваш својата доверба. Сакам да знам дали си во состојба да ја видиш убавината дури и ако не е убава, секој ден, и можеш ли да го вдишеш животот во нејзиното присуство.fb_img_1533665452376

Не знам каде живееш и колку пари имаш. Сакам да знам дали можеш да се исправиш после ноќта полна со тага и очај, кога се чувствуаш исцрпено, до коска истепано и да направиш сѐ што е потребно да ги нахраниш своите деца.

Не ме интересира кого го познаваш и што те довело до овде. Сакам да знам дали и понатаму ќе стоиш во пламенот и нема се сопнуваш.

Не ме интересира што учиш, каде, со кој и какво минато имаш. Сакам да знам што тебе те турка напред во моменти кога сѐ друго се руши. Сакам да знам дали можеш да бидеш во мир со себе и ја сакаш ли вистински личноста кога си тажен.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: