Кога Бог ќе ти даде нов почеток, не ја прави истата грешка

Ако живеете во околности кои не ви се допаѓаат и кои се тешки, сетете се дека сте добиле прилика побрзо духовно да напредувате. А, тоа е она поради кое сте влегле во физичкото тело и ова животно искуство. 

Во идеални животни околности можеби никогаш нема да ви падне на памет да се интересирате за себе.

Да се поправате себе си и своите животни околности. Да поставувате прашања кои сте,  која е смислата на вашиот живот и да трагате за одговорите. 

Вашиот живот на тоа ве натера. Бидете благодарни на тоа. Зад ролетните на овој физички живот, можеби се случува нешто многу повеќе а вие ста учесник.

Отворете се за таа можност, бидејќи Бог ништо не создал несовршено и без смисла. Можеби сами сте го избрале овај забрзан курс за чуда и се чувствувате воодушевено што ќе учествувате во така голема претстава. Затоа наместо да очајувате, размислувајте што можете да поправите во својот живот и своето опкружување.

Ширете светлина, туркајте ја темнината.

Ширете радост, добрина, сочувство, разбирање, чесност, вистина, љубов.

Не ги потценувајте оние кои тоа го прават, не ги слушајте оние што ве убедуваат дека тоа се вредности кои денес ништо не значат.

Вие знаете дека тоа не е вистина. Вашето срце тоа го знае.

Овај свет и понатаму постои благодарение на луѓето кои не се плашат да го отворат срцето.

Разбудете ги оние кои заспале. Излечете ги оние кои потклекнале. Не осудувајте ги, само заборавиле. 

Подсетете ги. Со свој пример.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: