Најубавите мисли на Коељо
– Мораш да се навикнеш на малку тага во животот..Нема да знаеш што е вистинска среќа ако нема со што да ја споредиш.
-Кога сакаме од длабочината на душата, веруваме во нешто, се чувствуваме силни од светот и нѐ обзема спокојство кое произлегува од цврстото убедување дека ништо нема да ја разниша нашата вера.Таа необична сила ни овозможува секогаш да донесеме вистински одлуки во вистинско време, а кога ќе го оствариме својот наум, дури тогаш стануваме свесни на сопствените способности.
-Победниците никогаш не прават два пати иста грешка. Затоа воинот на светлината го става на коцка своето срце само поради нешто вредно. Никој не успеал да побегне од своето срце. Затоа е подобро да се слуша што зборува за да не дојде до ударот кој не го очекуваш.
-Воинот на светлината мора да има трпение во тешките моменти и да биде свесен дека свемирот работи во негова корист, иако моментално тоа не изгледа така. Тајната на животот лежи во тоа да се падне седум пати и да се стане осмиот пат.
-Интензивна, неочекувана болка поминува побрзо од болката која на изглед е поднослива. Тоа страдање трае со години и ни ја јаде душата, додека еден ден не станеме неспособни да се ослободиме од горчината која нѐ прати до крајот на животот.
-Токму можноста да се оствари еден сон животот го прави интересен. Во одреден момент на нашето постоење губиме контрола над сопствениот живот и се препуштаме на судбината. Ете, тоа е таа најголема лага на светот. Тајната на среќата значи, да ги набљудуваш сите чуда на светот, но никогаш да не заборавиш на оние две капки масло во лајче. Се плашам да го остварам својот сон па после ќе немам причина да живеам. Никој да не се плаши од непознатото, бидејќи секој човек е способен да освои сѐ она што сака и што му е потребно
.
-На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата, било на средината на некоја пустина или на средината од некој град. И кога тие двајца ќе се сретнат и нивните погледи ќе се вкрстат, сето минато и сета иднина го губат своето значење и постои само тој момент.
-Не смеам да се плашам од неуспех. До сега мојот страв од неуспех ме спречуваше да се обидам да остварам Големо дело. Кога се сака работите имаат повеќе смисла. Тајната е во сегашноста, ако обрнеш внимание на сегашноста, можеш да ја подобриш. А ако ја подобриш сегашноста, ќе биде подобро и тоа подоцна и ќе се случи.
-Да се умре утре е исто толку добро како и било кој друг ден. Секој ден е создаден да се преживее или да се напушти овој свет.
-Се сака затоа што се сака. Не постои причина поради која се сака. Те сакам бидејќи цел универзум се сплоти да дојдам до тебе.
-Страв од страдање е полошо од самото страдање. Никогаш ниедно срце не страдало кога тргнало во потрага по своите сништа, бидејќи секој момент на потрага е момент на сретнување на Бог и вечноста.
Leave a Reply