Ти си кралица! – порака од Робин Шарма

Тоа што си денес овде, не е случајност. Постои причина зошто ова го читаш.

Ти си кралица ! Владател на бескрајниот потенцијал кој се наоѓа во тебе.

Можеби тешкиот живот те натерал да ја заборавиш својата сила. Тагата поради неостварените сништа ја угушила твојата страст и ги угушила твоите уверувања.

Стрелите на љубоморните критичари можеби те натерале да ја заробиш хероината во себе. Но, те молам знај: Овај ден е нова прилика. Чудото кое чека да се случи. Овој момент е прекрасен дар. Оваа минута претставува празно платно на бескрајни можности и неописливи прилики.. повторно да завладееш со кралството кое ти припаѓа по раѓање. Да освоиш големи нови земји на сочувство, креативност, смелост и човечност.20190624_214243

Тоа што денес си овде, не е случајност. Постои причина зошто ова го читаш. И длабоко во тебе лежи подготвеност да ги отфрлиш оковите на минатите искуства, да се издигнеш и да го промениш погледот на остатокот на својот живот.

Стани! Гушни го своето право на единствена величенственост, која светот ја очекува од тебе.

Биди светло! Види ја убавината на иднината која можеш да ја оствариш на вистински начин со размислување, говор, однесување и создавање. Еден мал чекор па друг, секоја минута од овој ден кој ти е дар- ако си упорна и доследна, ќе биде почеток на твојот нов живот.

Заслужуваш да бидеш свесна за својата величина. Да ги знаеш предностите на своето кралство-  како најплеменита личност.

И додека се оддалечуваш од својот сегашен живот кој сака да го спознаеш, јас го гледам тој сјај. Бидејќи е она што јас сакам да го правам и таква те доживувам.

И цел свет ќе ја пофали твојата храброст.

Ти праќам љувов и имам бескрајна доверба во твојот сјај.

Прекрасна порака од најценетиoт писател за самопомош и мотивациски говорник Робин Шарма

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: