Многу луѓе се отфрлаат себе си, од листата на приоритети од својот живот, а потоа се чудат зошто во животот ништо не им оди. Се прашуваат, зошто е светот ладен и безчуствителен, а не се осмелуваат да се стоплат себе си и да возвратат, убаво чувство кон себе.
Тешко е сам да луташ на овој свет, без пријател, на кого можеш да сметаш, но, најтешко е да се немаш себе.
Сите проблеми во животот, не доаѓаат секогаш кога сме сами, туку кога сами на себе, ќе си станиме странци. Дури тогаш ќе се прашаме за што да се фатиме, како да се осмисли денот, со кој искрено да се поразговара. Почнете затоа, да се сакате себе си, бидејќи само така можете да ги сакате и другите.
Чувствата морате прво да си ги дадете себе си, за да можете да ги примите и од другите. Кога ќе ја почувстувате љубовта кон себе си, одеднаш ќе се појават луѓе, кои ќе сакаат да ја примат вашата љубов но и да ви ја дадат својата.
Сите животни несигурности, сомнежи, стравови се раѓаат по патот, кога ќе останеме без љубов, било без љубов кон себе, било љубов на другиот кон нас и кога љубов не возвраќаме.
Кога знаеме дека некој не’ сака, тогаш половина од своето битие го потпираме на другиот, тогаш не се грижиме толку за опасностите, бидејќи знаеме дека од љубовта доаѓа силата, за соочување со сите предизвици.
Но, потребно е да се направи исчекор и да си дадеме љубов себе си, која не е луксуз, туку основна потреба за живот.
Кога веќе сте научиле да давате љубов на другите, научете да си ја давате и себе си, она почитување и внимание кое го заслужувате, давајте љубов која е далеку од секоја себичност.
Кога ќе научите, ќе забележите во својата присутност, луѓе кои ја почувствувале вашата љубов.
Тогаш нема да се почувствувате сами, бидејќи љубовта го одработила најголемиот дел од работата, ве ставила во убав однос со другите, но и со самите себе си.
Leave a Reply