Мислиш дека ти недостасува тој ?

Вистината е дека ти недостасува љубов.

Тебе не ти недостига неговата рака. Тебе ти недостига рака, која ќе те гушка. Тебе не ти недостигаат неговите усни, туку некој кој знае вистински да љуби. Тебе не ти недостига начинот на кој те тешел, кога си била ранлива, тебе ти недостига некој кој ќе биде покрај тебе.

Ти недостига љубов, која нема да те напушти. Ти недостига доверба. Ти недостига некој, на кој ќе му ги кажеш своите тајни, а тој ќе те слуша и ќе ужива. Тебе ти недостига некој, на кој можеш да се потпреш кога ќе ти затреба. А не некој што бега, кога најмалку очекуваш.

Те молам, немој да мешаш, осаменост и таа ‘дупка’ во срцето, дека тој  неиздржливо ти недостасува.

Ти не го познаваш повеќе. Можеби никогаш и не си го запознала. Ти повеќе не ја познаваш таа личност. Не го познаваш човекот, кој го сакаш.

Но, гледаш, не може да ти недостасува некој, кој сега за тебе е странец. Не може да ти недостасува некој, кој е твој познаник. Дух од минатото.

Оваа празнина која сега ја чувствуваш, не е поради отсутност на некој кој го сакаше. Тоа е само отсуство на љубов. Чувство за нечија близина. Некој на кого можеш да му ги прераскажеш, своите најдлабоки стравови, а тој некој ќе те заштити, ќе те смири и ќе биде покрај тебе.

Всушност тебе ти недостасува некој, кого ќе го сакаш.

Твојот бивши е сега далеку. Тој не е личноста која ја сакаш, бидејќи не си ти истата личност, кога си била со него. Луѓето се менуваат од минута во минута. Од ден на ден.

Секој ден носи нешто ново. И затоа, прифати и разбери, дека тој не е личноста која ја посакуваш, бидејќи и да е – нема да биде бивш. Ти само посакуваш љубов. Некој кој има потреба од тебе, а и ти од него.

Ти посакуваш да бидеш обожавана.

И во тоа нема ништо лошо. Нема ништо лошо, во посакување љубов. Само не мешај такава желба, за безвезна желба од минато.

Не мешај празнина, само поради неговото отсуство.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: