Оди човек на лекар и вели: ’Слушам гласови во главата’, веројатно лекарот ќе го прати човекот на психијатар. Факт е дека сите на сличен начин, буквално сите во главата без престан слушаме гласови, тоа се несвесни мисловни процеси а не сфаќате дека има моќ да ги застанете. Станува збор за трајни монолози и дијалози.
Веројатно на улица сте сретнале луди луѓе кои постојано разговараат со себе и мрмлаат. Тоа не се разликува многу од она што го работат другите нормални луѓе, освен што не зборуваат на глас. Внатрешниот глас коментира, суди, споредува, се жали, нешто не му се допаѓа, нешто ова, нешто она и така во недоглед. Тој глас не мора да биде поврзан со некоја сосотојба во која моментално се наоѓате, можеби оживува далечно и блиско- минато, можеби вежба или замислува идни ситуации.
Размислува за иднината, често и замислува како работите ќе тргнат во погрешен смер или замислува негативен исход – тоа го нарекуваме загриженост. Понекогаш тие размислувања се надополнети со слики и ментални филмови. Дури и ако гласот се однесува на момнетална ситуација, ќе се протумачи со размислувања од минатото. Тоа е затоа шти гласот му припаѓа на условениот ум, кој е резултат на целокупното минато, како и колктивниот културен мисловен склоп кои сме го наследиле.
Значи сегашноста ја набљудувате и ја просудувате со очите на минатото и добивате потполно искривена слика. Не воообичаено тој глас да го преставува човековиот најголем непријател. Многу луѓе живеат со мачител во главата кој непрестано ги напаѓа, казнува и им ја исцрпува животната енергија.Тоа е причина за неизлечива беда и несреќа како и болест.
Добрата вест е што можете да се ослободите од сопствениот ум. Тоа е едно вистинско ослободување. Обрнете внимание на сите мисловни работи кои се повторуваат, оние стари грамофонски плочи кои веќе со години се вртат во вашата глава.
Токму сега можете да превземете прв чекор. Почнете што е почесто можно да го слушате гласот во својата глава.
Слушајте го гласот во вашата глава и бидете во улога на сведок. Кога го слушате тој глас, слушајте непристрасно, сакам да речам не судете за она што ќе слушнете, бидејќи тоа ќе значи дека тој глас повторно влегува на задна врата. Наскоро ќе сфатите таму е глас, а овде ЈАС СУМ, слушам и набљудувам. Тоа сознание ЈАС СУМ, тоа чувство на сопствена присутност не е мисла.
Затоа, ако ја слушате мислата, свесни сте не само за мислите, туку и себе како нејзин сведок. Се разбуди нова димензија на свесност. Ако ја наслушнете мислата, чувствувате свесно присуство – своето подлабоко јас – во позадина или под мислите. Мислата тогаш ја губи својата моќ над вас и бргу се повлекува бидејќи не пуштате енергија на умот поистоветувајќи се со него. Тоа е почеток на крајот на несвесното и присилно размислување.
Кога мислата ќе се повлече, ќе почувствувате како е во менталната струја дошло до прекин – тоа е пукнатината во која нема мисли. Во почетокот тоа ќе бидат кратки прекини, ќе трае можеби неколку секунди, но постепено ќе се продолжуваат.
Кога ќе дојде до прекин, во нутрината ќе почувствувате длабока тишина и спокојство. Тоа е почеток на природната состојба на единство со битието која најчесто е замаглена со умот.
Чувство на длабока тишина и спокојство со пракса ќе се разбуди. Всушност нема крај на нивната длабочина. Исто така ќе почувствувате како од длабочината на нутрината на битието многу суптилно зрачи радост. Тоа е радоста на битисувањето.Тоа не е состојба на транс. Воопшто не му ни наликува. Овде не доаѓа до губиток на свеста.
Вистината е спротивна. Кога цената на спокојството би било стеснување на свеста, а цената на длабока тишина да ја намалува живоста и будноста, тогаш не би било вредно да се има. Во таква состојба на внатрешна поврзаност ќе станеме многу по пријатни и живи, будни отколку во состојба во која се поистоветувате со умот. Ќе бидете потполно присутни.
Таа состојба исто така ја засилува вибрацијата на енергетското поле кое му дава живот на физичкото тело. Што подлабоко се спуштате во царството без мисли, како тоа се нарекува на исток, ќе ги осознаете состојбите на чиста свест. Во таа состојба сопствената присутност ја чувствувате со таква сила и радост што севкупното размислување, емоции, физичко тело, како и цел надворешен свет, стануваат релативно безначајни во споредба со таа сосотојба. Сепак, тоа не е себичност, туку состојба на несебичност. Таа присутност сте вие самите а исто така е незамисливо поголемо од вас. Ова што се обидувам да ви пренесам може да звучи парадоксално, дури и противречно, но нема друг начин како да се изразам.
Станете свесни за сегашниот момент. Тоа во вас ќе разбуди длабоко задоволство. На тој начин ја одвлекувате свеста од умствените активности и создавате прекин во мислите и станувате мошне будни и свесни, но не размислувате.
Тоа е суштината на медитацијата.Тоа во секојдневниот живот можете да спроведете така што ќе се занимавате со било каква рутинска активност која ви претставува само сретство до некоја цел, давајќи и потполно внимание, така да самата на себе станува цел.
Пример, секој пат кога ќе одите по скали во својата куќа или на работно место, внимателно усмерете го вашето внимание на секој чекор,движење, па дури и на дишењето. Бидете потполно присутни.
Кога сакате да ги измиете рацете, обрнете внимание на чувствените реакции поврзани со активноста звук и допир на вода, движењата на рацете, мирисот на сапунот и така натаму. Станете свесни на тивкото, но моќно внатрешно спокојство. Постои само едно сигурно мерило со кое можете да одредите колку сте успеале во таа пракса со степенот на внатрешното спокојство.
Најважниот чекор на вашето патување кон просветлувањето е овој: научете да раскинете со сопствениот ум. Секој пат кога ќе предизвикате прекин во струјата на мисли, се зголемува светлоста на вашата свест. Еден ден можеби ќе разберете дека се смеете на гласот во главата, како што ќе се насмеете на лудостите на некое дете. Тоа значи дека содржината на умот не ја разбирате ни одблиску така сериозно, со оглед дека вашето чувство на сопственото ЈАС не зависи од него. Оди човек на лекар и вели: ’Слушам гласови во главата’, веројатно лекарот ќе го прати човекот на психијатар. Факт е дека сите на сличен начин, буквално сите во главата без престан слушаме гласови, тоа се несвесни мисловни процеси а не сфаќате дека имате моќ да ги застанете. Станува збор за трајни монолози и дијалози.
Веројатно на улица сте сретнале луди луѓе кои постојано разговараат со себе и мрмлаат. Тоа не се разликува многу од она што го работат другите нормални луѓе, освен што не зборуваат на глас.
Внатрешниот глас коментира, суди, споредува, се жали, нешто не му се допаѓа, нешто ова, нешто она и така во недоглед. Тој глас не мора да биде поврзан со некоја сосотојба во која моментално се наоѓате, можеби оживува далечно и блиско- минато, можеби вежба или замислува идни ситуации.
Размислува за иднината, често и замислува како работите ќе тргнат во погрешен смер или замислува негативен исход – тоа го нарекуваме загриженост. Понекогаш тие размислувања се надополнети со слики и ментални филмови. Дури и ако гласот се однесува на момнетална ситуација, ќе се протумачи со размислувања од минатото. Тоа е затоа шти гласот му припаѓа на условениот ум, кој е резултат на целокупното минато, како и колктивниот културен мисловен склоп кои сме го наследиле.
Значи сегашноста ја набљудувате и ја просудувате со очите на минатото и добивате потполно искривена слика. Не воообичаено тој глас да го преставува човековиот најголем непријател. Многу луѓе живеат со мачител во главата кој непрестано ги напаѓа, казнува и им ја исцрпува животната енергија.Тоа е причина за неизлечива беда и несреќа како и болест.
Добрата вест е што можете да се ослободите од сопствениот ум. Тоа е едно вистинско ослободување. Токму сега можете да превземете прв чекор. Почнете што е почесто можно да го слушате гласот во својата глава. Обрнете внимание на сите мисловни работи кои се повторуваат, оние стари грамофонски плочи кои веќе со години се вртат во вашата глава.
Слушајте го гласот во вашата глава и бидете во улога на сведок. Кога го слушате тој глас, слушајте непристрасно, сакам да речам не судете за она што ќе слушнете, бидејќи тоа ќе значи дека тој глас повторно влегува на задна врата. Наскоро ќе сфатите таму е глас, а овде ЈАС СУМ, слушам и набљудувам. Тоа сознание ЈАС СУМ, тоа чувство на сопствена присутност не е мисла.
Затоа, ако ја слушате мислата, свесни сте не само за мислите, туку и себе како нејзин сведок. Се разбуди нова димензија на свесност. Ако ја наслушнете мислата, чувствувате свесно присуство – своето подлабоко јас – во позадина или под мислите. Мислата тогаш ја губи својата моќ над вас и бргу се повлекува бидејќи не пуштате енергија на умот поистоветувајќи се со него. Тоа е почеток на крајот на несвесното и присилно размислување.
Кога мислата ќе се повлече, ќе почувствувате како е во менталната струја дошло до прекин – тоа е пукнатината во која нема мисли. Во почетокот тоа ќе бидат кратки прекини, ќе трае можеби неколку секунди, но постепено ќе се продолжуваат.
Кога ќе дојде до прекин, во нутрината ќе почувствувате длабока тишина и спокојство. Тоа е почеток на природната состојба на единство со битието која најчесто е замаглена со умот.
Чувство на длабока тишина и спокојство со пракса ќе се разбуди. Всушност нема крај на нивната длабочина. Исто така ќе почувствувате како од длабочината на нутрината на битието многу суптилно зрачи радост. Тоа е радоста на битисувањето.Тоа не е состојба на транс. Воопшто не му ни наликува. Овде не доаѓа до губиток на свеста.
Вистината е спротивна. Кога цената на спокојството би било стеснување на свеста, а цената на длабока тишина да ја намалува живоста и будноста, тогаш не би било вредно да се има. Во таква состојба на внатрешна поврзаност ќе станеме многу по пријатни и живи, будни отколку во состојба во која се поистоветувате со умот. Ќе бидете потполно присутни.
Таа состојба исто така ја засилува вибрацијата на енергетското поле кое му дава живот на физичкото тело. Што подлабоко се спуштате во царството без мисли, како тоа се нарекува на исток, ќе ги осознаете состојбите на чиста свест. Во таа состојба сопствената присутност ја чувствувате со таква сила и радост што севкупното размислување, емоции, физичко тело, како и цел надворешен свет, стануваат релативно безначајни во споредба со таа сосотојба. Сепак, тоа не е себичност, туку состојба на несебичност. Таа присутност сте вие самите а исто така е незамисливо поголемо од вас. Ова што се обидувам да ви пренесам може да звучи парадоксално, дури и противречно, но нема друг начин како да се изразам.
Станете свесни за сегашниот момент. Тоа во вас ќе разбуди длабоко задоволство. На тој начин ја одвлекувате свеста од умствените активности и создавате прекин во мислите и станувате мошне будни и свесни, но не размислувате.
Тоа е суштината на медитацијата.Тоа во секојдневниот живот можете да спроведете така што ќе се занимавате со било каква рутинска активност која ви претставува само сретство до некоја цел, давајќи и потполно внимание, така да самата на себе станува цел.
Пример, секој пат кога ќе одите по скали во својата куќа или на работно место, внимателно усмерете го вашето внимание на секој чекор,движење, па дури и на дишењето. Бидете потполно присутни.
Кога сакате да ги измиете рацете, обрнете внимание на чувствените реакции поврзани со активноста звук и допир на вода, движењата на рацете, мирисот на сапунот и така натаму. Станете свесни на тивкото, но моќно внатрешно спокојство. Постои само едно сигурно мерило со кое можете да одредите колку сте успеале во таа пракса со степенот на внатрешното спокојство.
Најважниот чекор на вашето патување кон просветлувањето е овој: научете да раскинете со сопствениот ум. Секој пат кога ќе предизвикате прекин во струјата на мисли, се зголемува светлоста на вашата свест. Еден ден можеби ќе разберете дека се смеете на гласот во главата, како што ќе се насмеете на лудостите на некое дете. Тоа значи дека содржината на умот не ја разбирате ни одблиску така сериозно, со оглед дека вашето чувство на сопственото ЈАС не зависи од него.
Eckhart Tolle
Leave a Reply