Која е вистинската причина зошто сте постојано уморни?

Блог на Елизабет Гилберт, автор на бестселерот ‘Јади, моли, сакај’

Се чувствувате истрошено, прегорено, немоќно? Веројатно е дојдено времето да се решите од некои терети.

Се сеќавате кога Mike Tyson купи бели тигри? Тоа беа ретки три животни, луксузот што тој си го направи, потроши многу пари, купи плус 6 вили, повеќе од стотина бесни автомобили и супер скапа када, која ја платил 2 милиони долари..

Но, мене тигрите ми се врежаа во меморијата. Го видов на една слика со тигрите. Ми изгледаше многу манијакално, дефанзивно и многу, многу уморно.

Ви ветувам дека оваа приказна има смисла.

Дали некогаш сте биле многу, многу уморни? Поголемиот дел од животот јас бев. Цело време. Со години се борев со големиот проблем на недостаток од енергија. Моите резерви беа исцедени.

Јас прва се разболував од грип, прва се откажував кога планиравме, прва си одев дома од журка. Еднаш дури заспав во езерото. Стоев во ладната вода која ми беше до градите и задремав од голема исцрпеност. Тоа не е лесно, но мене ми успеа.

Се плашев дека имам проблем со метаболизмот или тироидната жлезда или мозочен удар. А можеби ми требаше квалитетен душек? Или повеќе ленено семе во прехраната? Но, тоа не беше проблемот. Всушност, мојот проблем воопшто не е дека имам малку енергија; еден цел град може да се напојува од мојот вроден ентузијазам.

Проблемот е што без врска ја трошев. Со години, своето драгоцено внимание го трошев на исцрпувачко однесување, што значи сум влегувала во нездрави сексуални односи, се држев за нездрави пријателства, се правев дека сум некоја која не сум, се обидував да им угодам на луѓето, на кои е невозможно да им се угоди, се обидував да ги  спасам луѓето кои не можат да се спасат, се обидував да ги убедам луѓето кои нема никогаш да ме сакаат -да ме сакаат, се преправав дека сум среќна, кога бев несреќна и велев ДА, кога всушност сакав да речам НЕ.

Тоа се работите кои многу уморуваат. Не е ни чудо што бев така неописливо исцрпена. Но, мене фактот дека толку се исцрпував, а потоа на сите им велев како немам енергија,  всушност ме потсети на ситуацијата на Mike Tyson кој му се жалеше на водителот Larry King дека нема пари.

Не, човеку- заработи многу пари, ама ги потроши на бели тигри. Исто така и тебе, Лиз, ти е дадена огромна енергија, ама ти одлучи да ја трошиш на неверојатно глупи работи.

Сите ние имаме свои бели тигри. Тука мислам, дека сите имаме некоја опасна навика, која ни ги растура животите и не лишува од енергијата, ако не сме внимателни. Вашите тигри можат да бидат зависност или убиствена кариера, бес, перфекционизам, чувство на вина, коцкање или пореметување во исхраната- не знам.

Ама од сопствено искуство знам, дека кога живеам свесно, мојата енергија има лесен проток.

Ако негде запнува јас се прашувам:” Што се во моментов моите бели тигри”? За која лудост сега се врзав? Кога ќе ги откријам своите тигри, морам да донесам важна одлука. Можам ли да ја удвостручам својата моментална лудост и да продолжам да се правам, дека трчањето околу со ретки бели тигри е нормална појава или можам да го пуштам ланецот од рацете и да ги пуштам тигрите на слобода.

Да бидеме за момент сериозни. Единствен начин да се решите од тие ѕверки е да бидете искрени. Бидете искрени за својата зависност или било што што ве цеди. Признајте си колку има негативно влијание на вашиот живот. Кога тоа ќе го направите, ќе ви се врати енергијата како моќ.

Не како лажна моќ, која доаѓа од постојаното повторување на некое нездраво уверување кое го имате за себе (или купување на када од 2 милиони долари).

Мислам на моќ кога ќе се завземете за себе и кога ќе ја гушнете потребата, конечно да станете обновени и да имате енергија до крајот на животот.

Елизабет Гилберт

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: