Elizabeth Gulbert: Запознајте ги сите свои делови ..ќе се сакате повеќе

После големата караница со стариот пријател, популарната писателка, ја научила важната лекција за себе во која, сите можеме да се препознаеме..

” Пред неколку месеци, се најдов во нездрава ситуација со мојот стар пријател. Од за мене некоја мистериозна причина, одеднаш се сврти против мене, давајќи саркастични коментари секогаш кога ќе се сретневме. Не знаев што да направам.fb_img_1534060871285

Мојата реакција на неговото непријателско однесување ме донесе до потполна емоционална збунетост, што секогаш ми се случува кога станува збор за конфликти. Бев растргана и преплавена со разни чувства.

Дел од мене се чувствуваше како жртва полна со самосожалување, дел од мене сметаше дека сум преосетлива и дека не треба да се оптеретувам со него а дел од мене е толку исполнет со праведнички гнев што мечтаев, како на гадот му ја сечам главата од рамена.

Значи, истовремено сакав да побегнам од него, во потполност да му простам и немилосрдно да го уништам во дивјачки противнапад.

Во почетокот се прашував кои се тие три спротиставени гласа во мојата глава кои ми пуштаат така контрадикторни пораки за моите чувства и како треба да се носам со тоа.

И кој од тие гласови ја преставува вистинската ЈАС?

Не постои единствено Јас. За среќа, веќе го знам тој концепт кој ми помогна да откријам од каде толку различни реакции во мене.fb_img_1534048773933

Го открив терапевтот Richard Schwartz кој претпоставува дека можеби никој од нас нема единствено јас, туку компилација на многу различни личности.

Тој ги нарекува “делови” и тврди дека често имаат спротивни делувања. Ова инстиктивно сите го разбираме.

На крајот на краиштата, на тоа мислиме кога ќе речеме:” Дел од мене е возбуден а дел престрашен” или “Дел од мене сака да даде отказ, но другиот дел посакува сигурност и редовна плата”

Schwartz не уверува дека тие различни делови не не прават луди; тоа нѐ прави луѓе. Исто така предлага да ги идентификуваме и именуваме тие делови од себе за да можеме полесно да управуваме со својот живот.

Поттикната од таа идеја, погледнав малку подлабоко во себе за да се обидам да ги идентификувам најистакнатите особини кои живеат во мене.

Открив три делови

  1. Запознајте ја Лизи. Таа е мало несигурно дете кое живее во страв од конфликт и напуштање. Лизи ме нервира бидејќи е беспомошна, ама воедно поседува голема сила.Таа сочувствува со сите бидејќи знае колку е животот тежок. Лизи е можеби премногу уплашена, но е великодушна. Без неа, јас нема да имам срце.
  2. Запознајте ја Елизабет. Елизабет е мојот внатрешен создавач.Таа е храбра и не се плаши да ризикува. Ја сакам Елизабет бидејќи е многу креативна ( таа е причината зошто сум писателка).fb_img_1533996918433

Но, таа има и мрачна страна: знае да биде невнимателна и тврдоглаво да одбие да ја прифати реалноста

  1. 3. Запознајте ја госпога Гилберт. Таа е најстариот дел од мене. Таа е емоционална спротивност од Лизи и Елизабет. Таа е одговорна, храбра, организирана и независна. Но, исто така знае да биде оштра и сурова критичарка како за себе така и за другите а нејзиното решение за секој проблем е

” Сите треба повеќе да се трудат”!

Кога ги прашав сите мои три делови како се чувствуваат поради конфликтот со пријателот, секој одговор беше поинаков.Тогаш почнав да сфаќам дека ова ситуација ги разбуди најлошите квалитети на сите мои делови: Малечката Лизи се чувствуваше уплашено и беспомошно, утопистот Елизабет слепо го негираше проблемот како таков, додека госпоѓата Гилберт веќе одамна го избркала тој неранимајко од својот живот.

Дури кога сите три ги повикав на маса да ги стават своите квалитети ( емпатијата на Лизи, креативноста на Елизабет и силата на госпогата Гилберт) конечно бев во состојба мирно да поразговарам со мојот пријател за проблемот кој се појави и ја решивме расправијата на мирен начин.fb_img_1533993380713

Древните Грци веруваа дека големината на човечкото знаење е познавањето на себе си, иако мислам дека не се во право. Вистинсиот одговор е да ги познаваш сите свои делови бидејќи ако пронајдете начин како сите ваши делови да  живеат во мир, тогаш ќе имате можност да живеете во хармонија. А тоа на крајот е нешто кон кое се стремиме…

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: