Некои луѓе сосем погрешно разбрале што е простувањето. Ако не сакаат да и’ простат на својата мајка, која лошо се однесувала со нив, тие мислат дека тоа е нејзин проблем. Не е тоа нејзин проблем- нивен е! Ако не простиме ние, Ние страдаме. Во повеќето случаи, ‘виновната’ страна, само продолжува среќно да живее, додека вие ги преживувате страдањата.
Луѓето на кои сте им лути и за кои мислите дека се виновни, нема да добијат чир на желудецот, нема да поминуваат ‘луди’ ноќи , нема да бидат вознемирени, ниту пак ќе чувствуваат некаква горчина. Туку Јас. Вие..
Често не’ советуваат- ‘прости на оние кои ти прават лошо’. Тоа е всушност, единствениот начин да останеме здрави и среќни. Да не се прости, значи да се ризикува да се биде болен и буквално и метафорички, бидејќи лутината создава ‘лоши’ луѓе.
Се додека мислиме, дека другите се одговорни за нашата несреќа, одбиваме да ја признаеме сопствената одговорност. Во моментот, кога ќе престанеме да ги обвинуваме другите, се ставаме во позиција, во која можеме нешто да превземеме. Ако обвиниме друг, значи имаме добар изговор, да не правиме ништо во сопствениот живот- изговор да тапкаме во место.
Некој ќе рече: ‘Ќе простам, но никогаш нема да заборавам’, всушност сака да каже -‘Ќе ти простам само малку, за да можам, подоцна да се повикам на ‘ова’ ако биде потребно’.
Простувањето мора да биде веднаш и целосно.
Најважно е животот да го живееме најдобро што можеме. Правиме многу грешки, некогаш врз основа на погрешни информации, некогаш правиме глупости, но и тогаш работиме најдобро што знаеме. Никој по раѓањето, штом ги отворил очите не рекол: ‘Одлично! Еве одлична прилика да го упропастам сопствениот живот’.
Нашите родители нѐ воспитуваа најдобро што можеа. Со информациите кои ги имале и примерите кои ги добиваа од своите родители, тие влегоа во нова територија- Родителство.
Бесконечно да се обвинуваат не е фер. Па и ние сме родители. И нас можеби ќе ни судат. Некои луѓе, никогаш не им простиле на своите родители и го упропастиле својот живот, за да докажат дека родителите се виновни. Нивната порака гласи: ‘Вие сте виновни што сум сиромашен, што сум несреќен, сега гледајте ме како страдам!
Нема да стигнеме далеку ако ги обвинуваме другите. Обвинувајќи ги другите, на никој никогаш не му помогнало. Кога ќе одлучиме да простиме, чудесен принцип ќе дојде до израз.
Кога ние се менуваме, и другите се менуваат кон нас. Ако го менуваме нашиот став кон другите, тие почнуваат да го менуваат однесувањето кон нас. Оној момент, кога ќе одлучиме да го промениме нашиот поглед на светот и другите се менуваат, во согласност со нашите очекувања.
Од книгата “Да се биде среќен“ од Ендрју Метјуз
Leave a Reply