Да се предизвика среќа

Депресивните луѓе повеќе се занимаваат со своите проблеми, со прашања зошто се тажни, зошто не можам да спијам и се обидуваат да ја ублажат својата состојба, но малку гледаат зошто до тоа и дошло или уште подобро, што е добро во нивната депресија. Она што не ни е јасно и што е многу тешко да се поверува дека депресијата создава сигурност за оној кој се депресира.fb_img_15335122961101

Песимизмот е исто така пат на илузија,верувате во своите сомнежи и нечувствителени сте на светот.Еден атеист ќе каже дека не постои ”онаа”страна,но нема ни да му падне на ум да проба да медитира повеќесатно или да испроба било која техника која ќе му помогне за рушење на сопствениот песимизам.

Кога по некоја случајност ги оствари сите свои очекувања, тоа би било премногу и повторно би се вратил во депресија која е сигурно место, отколку доживувањето на среќа за која треба да се избори на начин да се превземе ризик.

Да речеме, ако сакате љубов, морате да превземете ризик на неуспехот. Она што правиме грешно, што нѐ оддалечува од чувството на живот е дека сите работи ги сведуваме на сигурност. Она за што нѐ учат е да се тргнеме од ризик. Да се заврши училиштето и да не се обидувате да работите нешто за себе. Опседнати сме со сигурноста на децата, а во таков живот нема време за она што не радува така да и многу заболувања доаѓаат само поради недостаток на “живот”.

Често кога се разговара за можните опции за решавање на проблемите,обично превземањето на одговорноста изостанува како опција односно се избегнува превземање на ризик.На терапија се доаѓа бидејќи се губи способноста на избор што може да донесе среќа,поготово во партнерски односи кај кои доминира вирусот на вљубување во повредување.Имено,во такво опкружување сите одлуки кои ги носиме произлегуваат од ставот дали ќе доживеам голема или помала тешкотија.fb_img_1534337527688

Резултатот е секогаш зголемување на чувството на тежина. Затоа треба еден со друг да негуваме надеж. Не онаа надеж која е нереална. Да речеме, да се биде овде и сега, во овој момент е една единствена, но многу тешка вежба која носи надеж бидејки става нагласок на важноста на сегашноста која е единствена реалност во која живееме.

Љубовта постои единствено во сегашноста, додека луѓето живеат во замислената љубов во која нема љубов. Нема да поверувате колку всушност, надежта и љубовта се темели на погрешни чекори и очекувања, погрешни уверувања која на крајот можат да бидат кобни. Соочувањето со лажните очекувања од животот која се темели на превземени мислења од другите, каде се размислува со колективни обрасци. Бидејќи живееме во споменатиот свет на сигурност, луѓето често компензираат за да побегнат од себе со различни средства или прељуба а кога ќе ги притисне депресија или тежина тогаш не можат едноставно да излезат од таа состојба, тогаш е многу тешко и потребно е многу време за да се направи исчекор.d2739-imagesk

Често е така и во односите, луѓето мислат дека можат долго време да менуваат партнери, а потоа ќе се одлучите за еден. Навиките кои се создадени, повторно нѐ враќаат на лошо однесување и фрустрација, која за да се реши ќе значи  соочување со одлуките кои донеле до такво казнување на себе си. Затоа, набљудувајте го својот живот, ако не можете, побарајте некој кој се разбира во овој процес и кој нема да ве лаже со големи зборови туку ќе ви покаже како со мали чекори да се тргне во живот исполнет со надеж и среќа поради која ќе мораме да излеземе од зоната на комфор.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: