Каква е врската меѓу финансиските проблеми и животните трауми

Не е доволно да се знае што да се прави со парите, поважно е да се знае што парите ни прават нас. Нашата финансиска ситуација зависи од чувството на сопствената вредност. А на неа влијаат уверувањата кои ги имаме стекнато како деца.fb_img_1533403862103

Односот кон парите можеме да го сменеме ако ги согледаме своите чувства. Со нашите животни уверувања и позитивни и негативни. Можеме на пример да бидеме уверени дека сме вредни за внимание и љубов но и дека не ги заслужуваме.Можеме да бидеме уверени дека заслужуваме благосостојба или спротивно.

Но, она што го мислиме и застапуваме на свесно ниво често се разликува од нашите длабоки уверувања на несвесно ниво а токму тие уверувања управуваат со нашето однесување. Имено, нашиот однос кон парите и материјалната сигурност длабоко е вкоренет во нас но во главно не сме свесни за неговата моќ.

Сепак, во време на финансиска криза нашите внатрешни пориви излегуваат на површина. Финансиските проблеми во себе содржат многу не решени животни трауми и конфликти. Односот кон финансиите е огледало во кое можат да се препознаат конфликти во себе и со другите.fb_img_1533469144519

На пример, луѓето можат да имаат длабоко несвесно уверување дека не смеат да ги надминат родителите и да имаат повеќе од нив. Финансиите се само едно подрачје на животот во кои се манифестираат чувства кои владеат со нас или кои се обидуваме да ги потиснеме. Поради тоа е важно да осознаеме со кои чувства реагираме на парите, да го препознаеме својот однос кон парите за да го подобриме.

Чувствата кои се кријат позади односот кон парите.

Можеби, на пример, со вашиот однос кон парите управува чувството дека  нив никогаш ги нема доволно а можеби на акција ве тера стравот од сиромаштија – секој мора да ја истражи својата болна точка.

Како психотерапевт сум работела со жени кои биле зависни од шопинг и презадолжени мажи и парови кои редовно имале кавги околу парите. Сите тие морале да согледаат чувства кои се кријат позади нивниот однос кон парите. Имено, за да имаме добар однос кон парите, не е доволно да се биде финансиски писмен, да се знае за каматите, штедење и планирање на буџетот – треба да се има способност за управување со чувствата.

Не е доволно да се знае што треба да се прави со парите, важно е што парите ни прават нас.fb_img_1534252783591

Хроничниот минус на сметката, стравот за егзистенција, себичноста или неможноста да го наплатиме својот труд и слични проблеми ретко имаат причина во знаењето за финансиите. Таквиот однос кон парите нема да го смени светот, без оглед каков стручњак си. Промената е можна само ако ги освестиме своите длабоки уверувања за парите и чувствата кои во нас предизвикуваат. Искуството покажува дека сите уште во детската возраст сме презеле барем едно уверувања за парите. Ова оставило траг кој свесно или несвесно со нас управува. При тоа помалку е важно она што сме чуле и виделе за парите а поважно за она што сме почувствувале.

Така секој од нас може да се врати во минатото и да се присети на атмосферата во врска со финансиите и може да биде сигурен дека тие сили во нас и понатаму делуваат ако се разбира со тоа се позабавиме.

Како да се зголеми својата вредностfb_img_1533468838084

Уверувањата кои се создаваат во семејството, на пример, дека пари нема доволно за сите, дека до пари и успех се доаѓа тешко, не е праведно да се ужива и да се биде добро платен за тоа,туку треба напорно да се работи и јако да се бори…Ако се тоа нашите длабоки уверувања кои не сме ги преиспитале,туку ги доживуваме како една вистина,како непобитен факт,тогаш тие уверувања ќе станат наша реалност.Затоа со сигурност можеме да кажеме дека финансиската ситуација на поединецот зависи од нивото на неговата свест за пари и од сопствената вредност или од неговата работа на себе.

Првата лекција за парите и неговата вредност, но и чувството на сопствената вредност, ја научив сосем случајно. Како млада жена се запознав со човек кој бил многу баран и познат адвокат. Беше хендикепиран, имаше само една рака и сакаше тоа да го компензира со својата љубезност и сервилност, беше на располагање на сите на кои нешто им требаше. Сите познаници му се обраќаа барајќи стручна поддршка која со задоволство им ја даваше.

После некое време приметил како неговата помош ја земаат здраво за готово и дека некои и не се воопшто благодарни. Се чинеше, луѓето доагајќи кај него му прават услуга а не обратно.Одлучи да прекине со таква пракса и почнал да бара високи хонорари. На негово изненадување, луѓето и понатаму доаѓаа,плаќале хонорари но и заблагодарувале па дури и носеле поклони.

Сфатил дека ако сам за себе нема цена не може да го очекува тоа од другите. Тоа негово искуство во мојот живот и во животите на моите клиенти често се покажало како правилно. Иако ние за тоа не сме свесни, често постои нешто во нас што нема да дозволи тоа да го почувствуваме, развиваме и да покажеме својата вредност. И наместо тоа да го истражуваме и да ги откриваме препреките кои ни стојат на патот за потполно да ги освестиме своите квалитети, ние се обидуваме да создадеме само впечаток на вредност која им ја презентираме на другите.fb_img_1533476891312

Парите се енергија

За да можеме да ја зголемиме својата вредност, се обидуваме да направиме блескава фасада. Завземаме одреден став, се обидуваме да оставиме впечаток дека сме недостижни и со таква величина се обидуваме да им покажеме на другите колку се мали. Врз тој однос ја градиме својата лажна вредност. Многу од нас не обрнуваат внимание дека зад тоа блештавило нема ништо всушност. На “Фасади” сме веќе навикнати, а општествените норми се договорени да преставуваат висока вредност и така се однесуваме.

Врзувајќи ја сопствената вредност за најобични општествени игри не приметуваме дека го губиме тлото под нозете. И одеднаш ќе се изненадиме кога фасадата не е доволно цврста за да не покрива. Кога во овој нестабилен свет, во кој кризата не бира жртви ќе останеме без тие надворешни одредници а немаме внатрешна постојаност и чувство дека имаме можност да се потпреме на себе и своите квалитети падот може да биде болен па дури и неповратен.

Сепак,кога имаме чувство на сопствена вредност и развиваме своите квалитети, голема е веројатноста дека ќе имаме пари и статус. Другите можат да ни придаваат вредност и важност а позади оваа фасада се крие и темелот.Кога не веруваме во себе и своите способности, ограничени сме во поставување цели кои се во врска со успехот и парите .

Во минатите години на економска криза, во која нормите и вредностите се нишаат и менуваат,  многу често на луѓето му недостасува сила за промена.

Нашите ограничувачки уверувања не се во врска само со пари. Таа со нас управува и на други животни полиња. Сите имаме свои “парични стилови” кои се релативно стабилни и не се менуваат и често доаѓа до конфликт и во однос со партнерот. Такви конфликти не се само несогласици кои  можно лесно да се тргнат. Не се тоа ситници туку и проблеми на иднтитетот кој на партнерот можат да му бидат неразбирливи. Во тој идентитет се крие сѐ што оставило трага на чувството на сопствената вредност, на доживувањето на самиот себе.fb_img_1533512604270

Само ако освестиме она што не придвижува, тоа што со нас управува, можеме и да го менуваме а ако тоа не го направиме – остануваме заробени во стари работи. Ако секогаш мислиме негативно, гледаме само тоа што ни недостасува а не тоа што веќе имаме. Ако нашето внимание а со тоа и енергија е усмерена негативно, таа станува наша стварност. Наместо тоа, вниманието можеме да го усмериме на она што сакаме да постигнеме. Нашите обрасци, меѓутоа имаат друго минато и длабоко се втиснати во нас и  тоа не можеме на брзина да го менуваме, како што често ни сугерираат разни езотериски советодавци. Секојдневно повторување на мантрата “јас сум богат” никогаш никој не го збогатил.

За промена на односот кон парите потребено е малку повеќе. Промените и постигнување на целта се  можни само ако целта е доволно атрактивна и ако сакаме во неа да вложиме време и енергија или ако е страдање со која се соочуваме толку големо, да сме подготвени да направиме сѐ што е потребно за промена.

Долгорочно се исплаќа да се работи на тоа, но потребно е да се превземе одговорност за она што правиме и она што не правиме, значи одговорност и за успех и за не успех. Сѐ околу нас е енергија, вклучувајќи нѐ и нас самите. И парите се енергија – и тогаш кога ги поседуваме нѐ придвижува да ги задоволиме сите свои желби и тогаш кога го немаме доволно бидејќи тогаш трчаме да ги заработиме.

Парите се енергија која придвижува други енергии.

Повеќето луѓе мислат дека нивниот живот, па и финансиите не зависат од нив самите. Не е пресудно во која држава живееме, во која компанија работиме и какви ни се животните услови. Важно е што мислиме и зборуваме за себе. Со промената на својата свест можеме да ја смениме и својата финансиска состојба.

Извор: Lovesensa

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: