Ова за мене е најдраг цитат. Не знам кој го кажал, но потполно се сложувам. Пред неколку години Wayne Dyer објави книга со овој наслов каде ги коментираше стиховите кои ги напишал Lao Tzu.
Заклучил дека сржта на сите стихови кои ги напишал мудрецот во древна Кина укажуваат на едно.
Променете ги мислите и менувајте го својот живот. Се надевам на подобро.
Многу е важно да се нагласи дека овие зборови мораат да се залепат за вас и дека тоа е единствениот начин да го смените животот на подобро. Можете да се обидувате и да трчате уште километар понатаму, да јадете здрава храна, да читате повеќе книги, да се забавувате подобро, сѐ е залудно.
Нашите мисли го креираат нашиот живот. Ако нешто не штима во нашите обиди да создадеме добра драма од животот, менуваме.
Колку е важно да се контролира умот од кој летаат луди мисли зборува и Bhagavad Gita:
“Оној кој завладеел со умот, умот му е најдобар пријател, но оној кој не направил така, умот ќе му стане најголем непријател”. Недвосмислено е дека тоа е тешка работа. А што не е на овој свет?
Најважно на патот на себезапознавање е да се запомнат неколку работи
Врховната интелегенција или Бог се сеприсутни.
Духот е конечна стварност.
Сите болести имаат извор во мислите.
Вистинското мислење има исцелителна моќ.
На почетокот на 20- иот век William Walker Atkinson го промовирал законот за привлекување кои дури сега,после еден век се прифаќа како еден од темелните закони по кои светот функционира. Во големата гужва на информации лесно е да се заборави она што е важно.Имаме ум кој е врвен алат за контрола на нашите мисли,интелегенција која го совладува умот.
Таткото на модерната филозофија Rene Descartes ги кажал познатите зборови: “Мислам значи постојам”. Нагласувајќи ја едноставноста на секое човечко суштество низ мислите кои нѐ креираат.
И уште една мисла која вели дека животот е составен од 10% на она што ќе ни се случи и 90% како ние реагираме на тоа. Секоја реакција е последица на мисли кои ги создаваме и жалосно е поради нив да го уништиме својот живот. Ние сме заробеници на сопствените мисли. Ослободете ги со свесен напор со помош на душата и пријателите.
Leave a Reply