Среќен си? –шири понатаму!

Мојот живот можам да го поделам во две фази: фаза кога се сѐ случувало стихиски и фаза кога свесно почнав да ја вложувам својата енергија во квалитетен живот. Ова што сега го нарекувам живот, вложувано е многу и горда сум на себе.

Во првиот дел од животот често се прашував, како е можно на некои луѓе сѐ така добро да им оди, добро да изгледаат, здравјето ги служи, имаат прекрасен партнер, нивните деца редат успеси, работат интереси работи, добро се платени, патуваат, се дружат и секогаш се на вистинското место во вистинско време.fb_img_1533846719756

Тоа е онаа категорија на луѓе кои секогаш  кога ќе ве сретнат имаат нешто убаво да ви кажат. Дали тие имаат едноставно повеќе среќа или знаат нешто повеќе од другите?

Кога прв пат си го поставив ова прашање, мојот живот беше во тотален хаос. Ништо не беше како што треба. Моето здравје, односот со партнерот и децата, криера, финансиите, баш ништо не беше како што посакував јас. Бев бесна, лута и не можев да разберам, зошто мене ми оди како што не треба. Посакував само делче од нивната среќа. Верував дека тоа се луѓе родени под среќна звезда и дека тие имаат контрола над работите кои им се случуваат- тие едноставно имаа повеќе среќа од мене.

Овај одговор само ја правдаше мојата одговорност која во тој момент не бев подготвена да ја понесам. Тагував за својата судбина, најчесто жалејќи се, што подоцна сфатив само ја влошуваше мојата ситуација. Постојано си повторував дека не е можно дека некој седи горе и бира: “Ти ќе бидеш среќен”!  “Ти нема”! .fb_img_1533964625819

Не, тоа немаше смисла. Како одминуваше времето почнав да верувам дека има некој попаметен одговор од ова. Како што обично бива, кога навистина ви требаат некои oдговори, тогаш и тие почнуваат да ве барат вас.

Сосем случајно, на многу необично место, во многу необични околности, во мојот живот“ влегува“ еден мој стар пријател.

Не паметуваше многу,само имаше логично објаснување по прашањето за среќата, проспиритетот и успехот. Убаво ме “суреди“ кога му се пожалив. Но, секако и  убаво ме замисли. Благодарение на него, и неколку книги кои “случајно“ ми паднаа во рацете,(пријателот ми ги подари) ја пронајдов својата внатрешна среќа и мир.

Дедо боже, секогаш во вистинскиот момент ви ги испраќа луѓето што треба да ве извадат од длабоката вода, за да ја почувствувате земјата под нозете, да можете сами повторно да продолжите и да не се удавите во “сопственото море“ на непотребни чувства. Само треба да ги препознаете знаците.

Кога добро се чувствувате, Сѐ станува подобро. Пријателот ми ги отвораше прозорците еден по еден, проветруваше во мојот живот, ме убеди да излезам  од комфорната зона, со објаснувања кои во тој момент изгледаа неверојатни, (не дека не ги знаев), само ме потсети  како да бидам во право време на право место..Како се менував, така се менуваше и мојот живот.“Менувај се, па ќе видиш како твојата околина се менува, како настаните во твојот живот се поинакви, како луѓето поинаку те прифаќаат.“- постојано ми повторуваше.fb_img_1533988361638

 

Убаво е кога ќе сфатите дека вашиот живот е во вашите раце и дека само вие сте тие кои одлучуваат што ќе се случи со него. Дека вие одлучувате за сѐ она што  мислите дека е случајност. Ништо не е случајно.

Сѐ што се случува има некој по длабок смисол и ние на некој начин сме го привлекле. Повеќе не се чувствувате фрустрирано, од времето кога се прашувавте кој ги дели картите во играта наречена живот.

Мирот влегува во вашиот живот и авантурата почнува…Кога ќе навлезе мир, почнува авантурата, оти дури не ги најдете тие врски помеѓу реалноста не можете да бидете мирни, бидејќи не знаете од каде што ќе дојде, што се крие зад секое ќоше. Мирот кој ќе го донесе сознанието како сѐ функционира, ве става во позиција на креатор, авантуриста, истраживач и почнувате да живеете слободно. Мојот пријател ?

Секогаш добро се дружиме на кафе муабет, ме убедува дека не ми е потребен повеќе, време е да ги фрлам “патериците“ и да почнам сама да одам…

by Рита

.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: