Те молам, еднаш засекогаш избери се себеси

Отиде предалеку…Готово половина од својот живот, се обидуваш да ги пополниш туѓите празнини, само да докажеш како си вистинската. Предолго си била скршена и на крајот изгуби, повеќе отколку што создаде.

Зошто не го земеш овој ден, овој миг и помислиш на себе, на никој друг, туку само на себе, по ѓаволите сѐ, толку вредиш и толку многу заслужуваш!

Доста е игри кои ги играше повторно и повторно, зарем не се умори до сега?

Твоето срце го искористи еден човек, а ти уште цврсто се држиш за тенката нишка, а не разбираш- само ти се држиш за неа. Престани, те молам. Тоа повеќе не е здраво. Подари си малку почитување и оди си; не можеш да ги спасуваш луѓето. Направи си услуга и спаси го своето срце. Оди си- тоа ти треба и мораш тоа да го направиш.

Илјада причини има поради кои треба да се спакуваш и да ја затвориш вратата зад себе. Само отвори ги очите и увери се сама. Ако тој не те почитува онака како заслужуваш, ако тој само зема, а никогаш не дава, ако те понизил, ако те користи за свое задоволство, ако те занемари наместо да се бори за тебе, нека оди.

Застани со романтики и почни да живееш во стварноста, дека вие двајцата нема да успеете, ниту сега, ниту никогаш. Само поради тоа што не сакаш да го повредиш, не значи дека мора себе да се напуштиш.

Ти си многу подобра од тоа. Ти си родена да бидеш единствена и јака. Не му дозволувај на никој тоа да ти го одземе. Благословена си со своето прекрасно семејство и пријателите; немој да се осудиш да ги напуштиш нив.

Имаш прекрасни планови за својата иднина, соништата кои треба да ги оствариш, не дозволи да исчезнат само така. Твојот свет не се врти околу една личност и твојот живот, нема да заврши ако се одлучиш да застанеш зад себе.

Ајде,сега! Одлучи се за својата слобода, за својата волја, за своите вредности. Можеби по патот ќе изгубиш нешто, но овај пат е за твое добро. Наскоро ќе забележиш, дека можеш полесно да дишеш; тежината ќе исчезне од твоите гради.

Ќе имаш нов почеток, ќе ги тргнеш сите отрови од минатото и ќе ги замениш со нешто ново, нешто што ќе го благословиш и секогаш ќе бидеш благодарна.

Избриши ги солзите и стави ја на лицето својата вистинска насмевка.

Тоа е она што сакаше да направиш, но никогаш немаше прилика, бидејќи тој некој или нешто те спречи. Биди подобра, не поради некој, не поради било кој, туку за себе. Дозволи му на времето, со својата волшебност да те излечи, да ги врати назад сите делови кои ги изгуби, да ја извади суштината во тебе.

Избери среќа. Избери слобода. Избери дека секогаш ќе стоиш на нозе. Избери дека ќе се издигнеш над сѐ. Нема да зажалиш, ти ветувам, дури и ќе бидеш благодарна на самата себе што, му дозволи на твојот ум, да проработи и не го слушаш шепотот на своите измамени емоции и чувства.

Еден ден, кога ќе се свртиш наназад, ќе сфатиш дека побегна од оковите на човекот која те сруши, која те промени. Зато те молам, еднаш за секогаш, одбери се себеси.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: