Што ќе направи љубовта сега?

Кога љубовта ќе биде единствен одговор, сите проблеми и препреки ќе се решаваат сами од себе на најчудесен начин. Љубовта ја има таа моќ да ги исцели најболните рани, да ги совлада најголемите препреки и во потполност да го трансформира нашето животно искуство. Моќта е во нас а таа моќ е љубовта.9e690-img_687162816012068

Секој од нас има љубов во себе бидејќи сме љубов, тоа е нашата суштина но негде во текот на животот забораваме на тоа и токму од тие причини страдаме, се мачиме и живееме во страв. Стравот, грижата, кривицата и болката не се ништо друго освен показател дека со нашиот живот управува егото а не љубовта. Егото или лажното јас не одвојува од нашата суштина и вистина. А единствена вистина е љубовта. Токму од тие причини, дека му веруваме на тоа лажно ‘јас’ ние доживуваме разни непријатни искуства и минуваме низ тешки периоди и така живееме сѐ додека не го отфрлиме стравот и додека не и се вратиме на вистината.

Кога на секоја непријтна ситуација, секој негативен коментар или постапка на друга личност ние одговараме со љубов, таквите искуства едноставно се бришат од нашиот живот. Не е лесно, но вреди. Не е лесно ни да се прооди, па сепак сите тоа го правиме.

Што повеќе станувате свесни за себе и своите постапки тоа полесно можете да контролирате и да менувате. Затоа и тежиме кон свесност, бидејќи од несвесната состојба со нас управуваат програми и Его кои превземаат потполна контрола над нашиот живот. 

Поради тоа ни делува несфатливо кога ќе слушниме дека сме господари а не робови на сопствениот живот и можеме да живееме живот каков што сакаме.

Ако сакаме да се ослободиме од своите ограничувања, проблеми и деструктивни емоции потребно е да делуваме од љубов. Треба да застанеме секој пат кога ќе нѐ обземе некое чувство дека сме на дно и не гледаме излез од некоја ситуација да се запрашаме:

 ‘Што ќе направи сега љубовта’?- и тогаш да го направиме тоа.

И колку и да е тешко, само допуштаме да делува и набрзо ќе сведочиме на она што го нарекуваме чудо. 

А чудо не е ништо друго туку резултат кога љубовта делува.

by Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: