Ја пуштам музиката погласно, за да не ги слушам небитните луѓе

Како стојат работите, никогаш не било потешко, да им се одолее на влијанието на негативните вести како денес. Обидот да го избегнеме светот не е можно, освен во негативна смисла, се разбира. Во позитивна смисла, можно е да се живее интелегентно во светот а при тоа да не се идентификуваме со него.

Една од техниките кои можат да ни користат во тој поглед во народот е познато како: ‘од едно уво влегува од друго излегува’.

Колку пати во текот на денот може да ни се случи, да слушнеме како некој зборува и наместо да го примениме методот ‘од едно уво влегува од друго излегува’, ние се ‘фаќаме’ како почнуваме со тоа да се замараме? И што е најлошо, дозволуваме негативно да влијае на нас.

Меѓутоа, кога би биле во состојба  да не земаме во предвид сѐ и сешто што слушаме на тв , интернет, нa улица, на работа, во кафеана, на пазар..повеќе би се слушале себе си и секако ќе бидеме полесни за еден тон непотребни грижи и стравови.

Проблемот е што ние тоа едноставно не сме во состојба да го направиме а еве и зошто:

Постои во нашиот ум, еден програм кој се вика “собирач на информации” или приемник на мисли. Тој е еден од основните ментални програми, без кој нашиот рацио не би можел да функционира. Проблемот се јавува кога тој програм, работи по негативна команда, страв, грижи, неизвесност, форсирање, негативност, предавство, лага, клевета, жртва, кривица, дрога, војна бомбардирање, убиство, смрт… и реагира.

Секогаш кога има карактеристика на некое наше болно искуство, ние по автоматизам реагираме и се браниме. Тоа во главно се случува на суптилен начин, но последиците се видливи на нашето тело, дишењето, емоциите и умот.

Треба да станеме свесни на пример, како ги држиме нашите рамена напнато и кренати, како секој момент очекуваме напад, па мора да имаме некој штит. Приметете колку тоа ви одзема од виталната енергија. Или чувствуваме колку ни е напнато лицето, челото, јазикот, мозокот, стомакот, дишењето и ќе ви биде совршено јасно, дека имаме страв од опуштање и свесното постоење во сегашниот момент.

Она што можеме да направиме за да си помогнеме, е да не земаме во предвид сѐ што ни доаѓа од надвор, да ја пронајдеме сопствената смисла- зошто сме на земјата и да почнеме да ја исполнуваме без двоумење. За да ја најдеме сопствената смисла треба да си го поставиме прашањето, кое треба да го истражуваме:” Што е тоа што ме привлекува, од кога знам за себе?”

Искрено, ние веќе го знаеме одговорот, само не сме се осудиле да покажеме интерес за тоа и да го најдеме начинот, да живееме од тоа што го сакаме. Поради тоа, нашата вистинска љубов- она што би можеле да го работиме од срце до крајот на животот- е покриена со сто морања, изговори, жалење, стравови, грижи, болести. Без оглед на тој несреќен факт, тоа и понатаму е потиснато негде длабоко во нас.

Твојата смисла е во твојата вистинска природа, преку која доаѓаш до израз а тоа си ТИ во целост.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: