Сакај, бидејќи кога сакаш, ја користиш најголемата моќ во Свемирот

Дали сте свесни каква енергија привлекувате? 

Ние постојано создаваме енергетски тек со своите мисли, сеедно дали е тоа освестено или не е. Стравот може да биде голем извор на негативна енергија во нашите животи, ако не сме подготвени да го освестиме моментот кога му се препуштаме и му даваме предност пред љубовта, состојба во која се чини е природно со друг, да се дели својата среќа и време и да се зборува позитивно.

Искрено одговорете си на неколку прашања, посебно во оние ситуации, во кои стравот расте, за да почувствувате каква енергија привлекувате или создавате во својот живот. Така ќе знаете како да направите доволно простор за доток на позитивна енергија, односно каде можете да го елиминирате стресот, за да дозволите позитивната енергија да циркулира.

Кога го започнувате денот, не заборавајте тоа да биде кратка медитација или молитва, што ќе ви овозможи, да се фокусирате на благодарност, што во суштина е основата на секоја религија , одредување на намера и едноставно присутност- темелот за позитивна вибрација во текот на цел ден. Ако имате отпор на природниот тек на работите, тоа предизвикува голем стрес, кој може да создаде негативна енергија во животот.

Што побрзо прифатите, дека не можете сѐ да имате под контрола, тоа побрзо ќе бидете мирни и ќе дозволите непречен тек на позитивни мисли. 

Сите сме “во фрка” и гужва и се чини, дека е невозможно да се најде рамнотежа, помеѓу стресот и времето за одмор. Затоа во вашиот дневен распоред, задолжително треба да се вклучи време за одмор и опуштање, што е моќно средство за исцелување и детоксикација на телото, како и стекнување на увид во своите мисли, креативноста и срцето.

Начинот, на кој се чувствуваме себе си и зборуваме за себе, привлекува идентична енергија која ќе ја добиеме од другите. Фокусирајте се на деловите кои ги сакате и направете листа на убави работи и секој ден дополнувајте ја..

извор: atma

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: