Од срце напишано…

Староста не е доба, состојба е. Ете мене ме сардисала на третина век, во најулавите години, со првите брчки…
Ми капнаа очиве плачејќи за убавите нешта кои можеа да се случат, а ме одминаа.fb_img_1534425991194

 

Па, срцево ми отчукува само кога ќе го потсетам инаку затајува некако. Веќе и огледалото џабе си виси, кога нема да блесне како некогаш, кога ќе се ѕирнев само набрзинка да го израдувам и му итав во прегратка на Будалата.

Попусто глумам среќа и безнадежно го молам Севишниот да ми го даде животот назад. Јас најубавите години во неколку денови ги преживеав, па веројатно Му се чини залудно векот ќе го трошам и лебов ќе го јадам…
А бев подготвена да се борам со сите скриени оружја, незнам како се случи да се предадам.

Можеби ја предадов битката пребрзо?!

Хм…Можеби немав за што да се борам целото ова време, но доцна си признав себеси …Можеби…

Рената Миленкович

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: