Јас и ти
два света посебни.
Најдени и изгубени
во сиви прашини.
Со раце скржаво подадени,
се гушкаме себично
за копнеж да измолиме
времето да застане.
Попусто се држиме на земја,
кога да летаме знаеме.
Ама стравот поопасен е од висината,
која спремни бевме да ја дофатиме.
Јас и Ти два света различни,
од избледени тајни исткаени,
со вулкани од мечти создадени,на заборав осудени.
Рената Миленкович
Leave a Reply