Улогите во нашите животи

Кога доаѓаме на овај свет, животот ни дава многу улоги. Штом доаѓаме, добиваме улога на дете а нашите родители улога на мајка и татко. Таа улога ни останува засекогаш. Дури и после смртта, останува фактот дека сме биле нечие дете или родител.

Имаме  улога на брат или сестра. Пријател, ученик, студент.

Со самото наше постоење, ни се лепи друга улога. Како растеме, така почнуваме да се вовлекуваме во дадената улога. Никој не ве прашал дали ја сакате таа улога, вие едноставно ја играте.

Нашата самодоверба ќе се руши  ако некој ни каже дека не ја играме добро улогата која ни е доделена.

“Погледни каков си! Тоа не ми се допаѓа”итн

Многу рано се соочуваме со чувството на вина и во почетокот не го разбираме тоа. Сѐ што знаеме за него е дека ни создава нелагода.

Како времето поминува, тие чувства стануваат сѐ по јаки и сѐ посериозни бидејќи се поистоветуваме со тоа. Ние се топиме со улогата и со сѐ што таа улога ни носи. Ние стануваме улога. Мислиме дека сме она што некој проценил дека сме.

Ако ни оди одлично улогата која ја играме тогаш е ок, штом првиот пат не ја одиграме добро, ние мислиме дека нешто не е во ред со нас.

Она што прво ќе се запрашаме е дали сум улогата која ја играм?

Толку сме внесени во неа, што не сфаќаме дека улогата не е она што ние сме всушност. Играме улога и забораваме кои сме.

 Забораваме дека сме душа во тело на човек а не човек – тело со душа.Овде сме дојдени по искуство и нашите улоги се едно од тие искуства.

Значи, ние не сме нашите улоги, ние сме души со улоги како искуство.

Ако некој каже дека некоја улога не ја играме добро, на кој му е гајле? Важно е само она што вие го мислите како ги играте улогите .Всушност, тој што ви дава сугестија за вашата улога,  видете како ја игра тој својата

Ако веќе и мораме да играме улоги, играјте ги во комедии. Не гледајте на својот живот низ призмата на случувања кои ги доживувате трагично.

Запомнете ако сте насмеани, тоа не значи дека сте неодговорни.

Тој што ви суди, прво себе си нека се запознае, а тогаш нека ве проценува.

Минувачите и споредните улоги нека не ве интересираат. Ве интересираат само главни улоги кои лично сте ги одбрале да бидат главни во овој живот.

Не дозволувајте некој друг да ја превземе улогата во вашиот живот. Некој друг да ви креира ново сценарио и бира главни и споредни ликови. Со кој ќе бидете, ќе се дружите и со кој ќе создавате семејство. Како ќе се однесувате, облекувате. Што ќе кажете, што ќе јадете.

Ова е ваш филм, ваша улога, ваш живот, не туѓ.

Не се вели безврска дека секој е кројач на сопствената судбина, зошто му дозволувате на другите  да ја кројат вашата судбина преку вашиот грб?

Понекогаш некои луѓе нѐ учат какви да не бидеме а не какви да бидеме.

Како ќе знаеме што е болка ако никогаш не сме ја вкусиле? И болката е искуство.

Мајките велат дека пораѓајот е нешто најубаво што го доживеале.

Секоја болка носи нешто ново, само ние живееме во болка и не го гледаме тоа новото. Не си дозволуваме од болка да видиме.

После дожд доаѓа сонце. Понекогаш луѓето плачат и плачат и создавајќи сами свој дожд, па од тој дожд не гледаат дека сонцето одамна е во нивниот живот.

За крај, ќе повторам: Гледајте во звездите, не гледајте во оние кои гледаат во зидови и се ограничуваат – звездите потврдуваат дека граница не постои.

 .

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: