Живеј го животот во својата кожа, а не во туѓите очи

Бог ни го покажува патот, но тој, не е пред нашиот нос, туку нѐ остава нас самите да откриеме, како ќе го спроведеме во дело.

Ни дава комплетни упаства, чекор по чекор. Цаката се крие во тоа, што Бог во одреден момент ни дава насоки, само за еден чекор. Тие податоци ги примаме во облик на мисли ( чувства, идеи, визии во зависност од нашата духовна ориентација) кои се повторуваат и ни порачуваат да направиме нешто.

Тоа ‘нешто’ обично ни се чини неважно- побарај го тој и тој, напиши mail, оди на состанок, прочитај книга.

Ако ги слушниме упатствата и го направиме првиот чекор, на ист начин ќе ги добиеме и смерниците за вториот, кој ќе се повторува, се додека не го спроведеме во дело. Бог нѐ води, чекор по чекор, по целиот пат на нашата манифестација.

Отсекогаш имаме слободна волја, што значи дека, во секој момент можеме да ги занемариме дадените смерници.

Но, многу од нас, чувствуваат дека се во безизлезна ситуација и немаат појма како понатаму, се разбира, ако не ги ‘послушаат’ упаствата што Бог им ги дал.. и, се чувствуваат како заплеткани во кал.

Кога луѓето ќе ми кажат дека немаат каде понатаму, јас секогаш ги прашувам:

” Кој божествен совет го добиваш, а го занемаруваш?”

Секогаш откривам дека тој совет кои го избегнуваат, e страв од животни промени, а преставува клучнa состојка по која трагаат.

by Рита

Напишете коментар

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: