Robin Sharma: ‘Никогаш не е доцна да станете она што секогаш сте сонувале’

“Животот секојдневно ви нуди вистински прилики. Судбината на крајот ќе го одреди начинот на кој ги прифаќате” -вели Робин, еден од најценетите self-help писатели и мотивациски говорници.FB_IMG_1548253270772 

Разбудете ги своите потенцијали, барајќи инспирација во секоја животна ситуација.

Не дозволувајте да ве обземе малодушност и чувство на замор, бидејќи во вас тлее искра на успех и само чека вистински момент да светне. Идејата и мислите на големите луѓе ќе ја претворат вашата прошетка низ природата во инспирација за будење на она најдоброто во вас. 

Ќе ве преплави бран на задоволство и нова енергија.

 Во книгата “The Greatness Guide“ Robin Sharma,  дава совети и ве учи како да го промените својот живот.

Неколку инспиративни предлози ќе ви го направат волшебен овој момент

-Никогаш не е доцна да станете човек каков што сте сакале да станете.20190107_093749

 -Обогатете го својот живот со мали задоволства од кои вашето срце ќе затрепери – било да набљудувте звездено небо или уживате во поглед на дрво чии гранки се нишаат во пролет што е веќе околу нас “.

-Најдобри се наједноставните задоволства. 

-Добрите дела немаат цена важно е само дека она што правиме е од срце. 

-Еден мал волшебен збор БЛАГОДАРАМ е доволно сјаен збор со кој започнува магијата. Едно благодарам ќе ви го направи денот и многу работи ќе смени.

 -Уште денес најдете малку време и сетете се на луѓето на кои треба да им бидете благодарни, кои треба да ги почитувате и да им кажете дека нивната подршка ви значела.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: