‘Вие сте единствената среќна личност која ја познавам’- му рече еден човек на William James, американски филозоф и психолог.
-‘Секогаш имате насмевка на лицето, дури и тогаш кога се соочувате со најголемите тешкотии’.
-‘Не се смеам јас затоа што сум среќен’ –одговори James.
-‘Јас сум среќен затоа што секогаш се смеам’.
Оваа кратка приказна која Paulo Coelho ја објави на својот блог, преставува најкратко објаснување на познатиот американскиот „филозоф на среќата“ кои верувал дека среќата не мотивира или можеби преставува клуч на човечката еволуција. Цитатите на William James (1842-1910) преставуваат силни пораки за превземанје на контролата над својот живот
1. Песимизмот води кон слабост, оптимизмот ни дава моќ.
2. Најмоќното оружје против стресот е нашата способност да избереме една мисла, а да ја отфрлиме другата.
3. Однесувајте се како вашето однесување да може да смени се’. Бидејќи може.
4. Здрав разум и смислата за хумор се исти работи, само се движат со различна брзина. Смислата за хумор е, всушност, здрав разум….кој танцува.
5. Најголемото откритие на мојата генерација е дека човекот може да го промени својот живот ако го менува своето однесување.
6. Бидете подготвени да прифатите. Прифаќање на она што се случи е првиот знак во совладување на последиците од било каква несреќа.
7. Направете секој ден по една работа која би ја избегнале. Благодарение на тоа, ќе бидете подготвени да го поднесете притисокот кога ќе се укаже неопходна потреба нешто слично да се направи.
8. Нашиот однос на самиот почеток на тешката задача го одредува, повеќе од било што друго, успешен исход.
Leave a Reply