Најголемиот дел од животот го минувате во својата глава. Затоа бидете добри кон себе

Стресот во денешно време е речиси невозможно да се избегне. Немир и брзината на животот, како и преголеми барања и очекивања кои се исправени пред нас, се рефлектираат на нашето тело и ум. Во состојба на стрес, телото е преполнето со адреналин, подготвено за ” борба или бегство”. Интензивно се излачуваат хормоните на стресот, адреналин и кортизол, ја забрзуваат работата на срцето, се намалува варењето и доаѓа до различни промени во автономниот нервен систем, се јавува немир, нервоза, несоница. 

Стресот е корисен во кризни ситуации, во кои мораме да бидеме внимателни и брзо да реагираме, но, долгорочно тој го исцрпува целото тело, ако состојбата постојано се повторува. Организмот не може постојано да биде во таква вондредна состојба- се уморува и енергетски се исцрпува, а всушност тоa е причина за болести и симптоми на денешницата.

И сѐ потешко ги завршуваме секојдневните обврски, мислиме дека немаме доволно време и енергија за сѐ што не очекува, и така се вртиме во маѓепсан круг. Спротивно од ова, штом сме одморени и релаксирани, имаме повеќе енергија, радост и мир, се јавува интуиција, јасност на мислата и поголема е способноста за полесно совладување на секојдневните предизвици. 

Различни истражувања покажуваат дека покрај физичките активности, токму длабокото опуштање е најдобриот лек против стресот и најдобрата превенција од болести, бидејки времето кое квалитетно го посветуваме на себе, ги обновува сите наши системи, кои со текот на времето стануваат здрави и во рамнотежа.

Како можеме да си помогнеме кога сме заробени од стресот? Најбрзиот начин и најлесен е, да ја смениме нашата состојба во моментот на акутен стрес- да се придвижиме, вежбаме, да прошетаме, танцуваме, да се напиеме чаша вода..едноставно да направиме било што поинаку од она што во тој момент не стресира.

Секако дека промената на положбата на телото или чашата вода нема да ја реши причината за стресот и да го даде решението, но ќе ви овозможи да дојдете “до здив, малку барем да се смирите за подобро и јасно размислување. Во стресни ситуации, некогаш бесмислени мали работи, како фокусирање на нашето дишење, можат да направат многу. Едноставни вежби кои можете да ги изведувате било каде..

Сигурно имате слушнато за Јунговиот поим за сенка. Тој го означува нашиот внатрешен негатив. Се состои од потиснати психички особини.

Сѐ она што било забрането од воспитни, морални или други причини, она што не уплашило, кога сме биле мали или она што сме го поврзале за некоја одредена личност која нешто лошо ни направила, сме ја исклучиле од животот, потиснале или одделиле. 

Ако ви се случи свесно да изгубите контрола, без повод, иритирани само со постоење на некоја личност во вашата околина, значи дека сте ја препознале својата сенка во некој. Погрешните постапки, асоцијалното однесување, егоизам, грубост, сѐ тоа значи дека не делуваме од свесното Јас. Сенката иницира емотивен одговор. Сите особини кои вашето его, ги препознава во таа личност. Сенката иницира емотивен одговор. Сите особини кои вашето его ги препознава во таа личност, не може да ги поднесе како свои и ги потиснува длабоко, бидејќи ја руши сликата за него.

Сега таа личност се појавува “намерно” да ве поттсетува на она што и вие всушност СТЕ. Затоа сте наоштрени кон таа личност и вашето его, како да има сопственост, над она што е во подсвеста, па сака да ги отстрани овие луѓе. Тоа што имате гадење и презир кон тие луѓе, не е веродостојно.

 Проблемот станува поголем ако тоа не го освестиме, сенката..како растеме ние, така расте и нашата сенка.

Така нашите несвесни и неконтролирсни реакции кон личноста ќе бидат непримерни. Разбирањето, дека ние како и другите луѓе, имаме особини на нашата сенка, води кон самоосознавање, а тоа пак кон духовен раст.

Ако ја игнорираме или одрекуваме сенката правиме лошо за нашата психа. Освестувањето на сенката, откривање на нејзините особини, како и свесноста за неа, односно интегрирање на нејзините содржини, овозможува целовитост на личноста кон која тежиме.

Сведоци сме на многу бестселери на тема самопомош, различни патишта на промена, моќта на позитивното мислење. Сѐ е тоа добро дури не избие “куршлус” поради вашата сенка, под услов да е неосвестена.

 Затоа обидете се да ги осветлите темните ходници на својата подсвест, да не бидете вие главниот камен на сопнување. Ако сте слаби со толеранција на таква фрустрација, вие дозирајте во мали количини средби со вакви личности.

Гушкајте ја вашата сенка и ќе бидете посреќни..

Мирјана Кокериќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: